Рубрика: Аудио и видеотехника
7 работи што треба да ги направите пред да тргнете на снимање
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Тестирање на опремата, проверка на батериите и напојувањето, подготовка на медиумот на кој ќе снимате, испечатен план за работа, добро пакување на торбата, чистење и бришење на леќите и објективите и проверка на фокусот се 7 работи кои треба да ги направите пред секое снимање. Правејќи ги овие седум работи, ќе се заштитите од стрес, од грижата дали вашиот производ ќе биде успешен и квалитетен и дали инвестицијата која ја очекувате нема да отиде во ветер. Направете ги овие 7 нешта кои нема да ве чинат пари, а за кои ќе потрошите малку време, снимањето ќе ви биде релаксирано и ќе мислите само како да го креирате производот што подобро и поинвентивно!

Успешни луѓе – практичари, но и теоретичари, се сложуваат во констатацијата дека за успешна работа, многу е битна подготовката. На сметка на добрата подготовка оди дури 50% од вкупно потребното време за реализирање на секој проект, па и кога се работи за снимање. Тајната на успехот, велат тие, е токму во добрата подготовка. Со добра подготовка, ризикот се смалува на минимум, вели Chuck Peters, писател и продуцент, кој за своите проекти трипати добил награда Emmy.

Клучни зборови:

Подгответе се соодветно за снимањето да ви тече без проблеми.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.