Рубрика: Електроника
Електронски омекнувачи на вода
Автор: Георги Ефтимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Со години наназад, низ цела Европа се нудат магнетни (или електромагнетни) уреди за омекнување на водата. И покрај големиот број студии на оваа тема, досега никој не успеал со сигурност да ја потврди нивната ефикасност. Мислењата се спротивставени. Некои се презадоволни, други, пак, се жалат дека парите им отишле во ветер. Бидејќи цената на фабрички изработените електромагнетни омекнувачи на вода е можне висока, посебно ако се има предвид од што се изработени, се одлучивме да понудиме уште две изведби на овој, во принцип, едноставен уред

И покрај тоа што во денешно време речиси сите водоводни претпријатија вршат декалцификација на водата, таа честопати и понатаму содржи умерено количество на растопен калциум хидроген карбонат. Кога таквата, тврда или делумно тврда вода се загрева се формираат ситни честички на нерастоплив калциум карбонат (попознат под називот воден каменец или бигор) кој се таложи на најтоплите делови во садот за загревање на водата. Резултатот на сите ни е познат. Се зголемува времето потребно за загревање на водата и истовремено се намалува капацитетот на садот за загревање. Да не ги спомнувам екстремните случаи кога доаѓа и до запушување. Постојат повеќе методи за омекнување на тврдата вода кои се темелат на хемиски процеси. Една од методите, во која не е вклучена хемијата, е со примена на силно магнетно поле. Кога водата тече низ магнетно поле, наместо ситни по пат на коагулација се формираат покрупни честички на калциум карбонат кои не можат така лесно да се наталожат. Бидејќи калциумот е сè уште присутен, со овој третман водата, всушност, не станува помека. Едноставно повеќе не предизвикува проблеми кога се загрева. Она што може да се постигне со магнетно поле, може да се постигне (во најмала рака многумина тврдат дека може да се постигне) и со електромагнетно поле. Принципот на работа на електромагнетниот "омекнувач" на вода е едноставен. Со осцилаторно коло се побудуваат калеми кои се однесуваат како предавателни антени и околу себе генерираат електромагнетно поле. Калемите се намотуваат околу водоводна цевка, така што радиобрановите што ги емитира генерираното електромагнетно поле се простираат низ водата и го оневозможуваат формирањето на ситни честички калциум карбонат. Во продолжение ќе разгледаме две изведби на електронски омекнувачи на вода кои работат на електромагнетски принцип - унифреквентен со CD4049 и бифреквентен со NE555

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК332
Печатена плочка: ППК333
ИК: CD4049, NE555
 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.