Емитер 3/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Интересен, едноставен и многу корисен електронски уред кој е пожелно да се најде и во вашата електроничарска работилница. Многу е лесен за изработка, бидејќи е дизајниран со компоненти кои лесно можат да се најдат во скопските продавници за електроника.
За да можете да измерите една зенер диода за кој зенеров напон е наменета, неа треба да ја поставите во режим на работа, односно на нејзината анода и катода да доведете одреден напон и струја. Зенер диодите работат со работни напони од 1,4V па нагоре. Според тоа, проектираниот уред треба да дава истонасочен филтриран напон во граници од 20V па нагоре до 150V. Со ова подрачје на напони се опфатени поголемиот број на зенер диоди употребувани во практиката. За овој испитувач-тестер да биде пренослив и да се напојува од една алкална батерија од 9V, треба овој напон од батеријата да го трансформираме на многу повисок напон за да можат да се испитуваат зенер диоди со работен напон многу поголем од 9V.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.