Рубрика: Електроника
МикроПОНГ – рачна видеоконзола
Автор: Стефан Милојчевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-12/2020.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Понг е една од најраните аркадни видеоигри, спортска игра со користење на едноставна дводимензионална графика. Ова е првата успешна комерцијална видеоигра во историјата, а нејзиното име е поврзано со појавата на интерактивната индустрија за забава. Играта може да се најде во најразлични форми и може да се игра на најразлични уреди како што е ТВ, компјутер, играчка конзола и сл. Со овој проект со помош на Ардуино и мал OLED дисплеј ќе можете да ја изработите популарната игра во вид на рачна видеоконзола.

Оваа едноставна игра која симулира играње пинг-понг со две палки и топче е развиена од Алан Алкорн, во далечната 1972 година, под капата на Атари корпо­рејшн. Тоа е првата издадена игра која има постигнато комерцијален успех. Целта е да се победи противникот со тоа што ќе бидете првиот што ќе освои 15 поени. Играчот добива поен кога против­никот ќе го промаши топчето. Може да се игра против друг играч или против палка контролирана од компјутер.

Повеќе години оваа игра е изработу­вана со електронски компоненти, а во последно време ја има и во форма на софтверски програми. Со развојот на електрониката и со употреба на совре­мени компоненти, овој уред може да биде изработен во многу помали димен­зии за разлика од порано. Еден таков пример е предмет на оваа статија.

Следејќи ги новите трендови во елек­тро­никата и воден од желбата да изработам нешто ново, се одлучив да ја изработам играта во форма на рачна видеоконзола која во основа се состои од Arduino Pro Mini, два прекинувачки тастери и OLED дисплеј.

Главни елементи и материјали:

Arduino ProMini/Nano

OLED дисплеј SSD1306 (0,96 инчи, 128x64 пиксели)

 
Датотеки за преземање:
Микро Понг конзолата во акција
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2020. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.