Емитер 7-12/2019.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Радиофар (radio beacon) претставува радиопредавател поставен на позната локација, кој автоматски емитува радиосигнали со определена намена. Во минатото, радиофаровите масовно се користеле за навигација на воени и цивилни воздухоплови и морски пловила, но денес, со развојот на технолошки многу понапредната и попрецизна сателитска навигација, нивната употреба за оваа намена полека, но сигурно се потиснува. Радиоаматерите поставуваат радиофарови и ги користат за испитување на пропагациите, односно условите за простирање на радиобрановите со определени фреквенции. Во овој напис ќе биде прикажан проект за самоградба на мал CW-радиофар реализиран со помош на микроконтролерската плочка Ардуино Нано
Во светот има голем број аматерски радиофарови изработени и поставени од радиоаматерски организации или поединци од целиот свет, кои емитуваат сигнали на радиоаматерски фреквенции, а со тоа придонесуваат за испитување на пропагациите на радиобрановите. Радиофаровите можат да се користат и за определување на дијаграмот на зрачење и засилување на изработените антени, нагодување на радиоприемници кои сами сме ги изработиле и слично.
Радиоаматерските радиофарови најчесто емитуваат радиосигнали со немодулирана телеграфија (CW), во радиоаматерските фреквенциски подрачја, на некоја од фреквенциите определени за тоа.
Радиофарот се состои од радиопредавател со соодветна антена, приклучен на електронски склоп којшто автоматски го вклучува и го исклучува емитувањето на радиопредавателот во ритам на Морзеовите знаци од кои е составена пораката што се емитува. Пораката што ја емитува радиоаматерскиот радиофар се состои од знак за идентификација, координати на локацијата и слично. На крајот на пораката се емитува едноличен тон во траење од десетина секунди, по што повторно се емитува пораката од почеток. Целиот овој циклус се повторува постојано, без престан, сè додека е вклучен радиофарот, 365 денови во годината.
Овој радиофар го изработив со Arduino Nano и РФ-генераторот Si5351. Ардуиното е искористено за управување со РФ-генераторот Si5351 и за формирање на телеграфските, односно Морзеовите знаци. Во овој случај, употребено е Arduino Nano, но без никаква измена, може да се употреби и Arduino UNO.
MCU плочка: Arduino Nano
Модул на сигнал генератор Si5351
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.