Емитер 10-12/2018.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Проектиран е систем за автоматизација и контрола на процесот на приготвување ајвар. Системот се состои од софтверски и од хардверски дел. Сигналите добиени преку поставените сензори се носат до развојната плочка Arduino Uno, каде што се обработуваат. За плочката е изработена програма во програмскиот пакет LabVIEW што извршува одлуки за тоа кои акции ќе бидат преземени. Софтверот, меѓу другото, врши автоматска регулација на брзината на вртење на моторот што ги движи мешалките, согласно тековната температура, ги прикажува тековните параметри на системот и дава предупредувања во случај на нивно пречекорување (преголема температура и сл.).
Најголемиот дел од постоечките системи наменети за мешање ајвар во себе содржат едноставен систем на контрола на моторот што се заснова на вклучување/исклучување на системот од напојување со прекинувач или директно од приклучницата, како и користење потенциометар за контрола на неговата брзина на вртење. Ваквиот начин на работа на системите бара постојано присуство на човек што ќе го врши управувањето, а воедно не даваат никаква информација за состојбите во коишто се наоѓа системот.
За разлика од нив, АППА-системот нуди автоматска контрола на брзината на моторот, како и негово самостојно вклучување/исклучување во согласност со потребите при дадената температура. Во себе има интегрирано SCADA-систем што врши континуирано мерење на тековните состојби и има можност за автоматско контролирање на брзината и вклученоста на моторот. Исто така вклучува опција за рачна контрола на моторот преку физичките копчиња на кутијата или преку виртуелните на контролната табла.
Иако системот целосно не ја исклучува потребата од човечки надзор, значително ја намалува неговата инволвираност.
Вака изработениот SCADA-систем заедно со развојната плочка Arduino UNO нудат стабилна основа за лесна надградба на системот со други опции, како воведување потсистем за контрола на горивото и сл., но и лесна пренамена на системот за други функции.
Во првиот дел од овој напис беа презентирани повеќе хардверски елементи од проектот, заедно со начинот на пресметка на елементите. Следува описот на останатите електронски кола, решението на плочката со печатено коло и, секако, изработениот софтвер за работа и контрола на системот.
Главни елементи и материјали:
Развојна плочка: ArduinoUno
Транзистори: 2N2222, IRF640;
ИК: LM358P;
Термосензор: KTY80-121
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10-12/2018. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.