Електроника
ФМ радиопредавателот АДР02 на насловната страница на Емитер 4/1995

Изградбата на ФМ предавател претставува предизвик за секој електроничар. Бидејќи во многубројната литература и странски списанија постојат голем број на решенија на ФМ предаватели со помала моќност, целта на овој текст е да се даде една сублимација на наједноставните, евтините и квалитетни ФМ предаватели кои можат да се направат без поголеми познавања на ВФ техниката и без употреба на некои посебни инструменти.


Електроника

При изработка на НФ (нискофрекфентен) засилувач на моќност, многу често се избегнува размислувањето за заштита на звучникот, од можните грешки и дефекти на излезниот степен. Овие грешки, како и дефектите кои што можат да се јават во излезниот степен, можат да бидат многу трагични во финансиска смисла.


Електроника

Октавер е електрично коло кое е наменето за добивање на еден многу интересен ефект за електрична гитара. Тој дава ефект како, покрај постоечката гитара, во придружба да свири и бас гитара. Ефектот се добива така што на оригиналниот тон се додаваат тонови пониски за една или две октави. Самиот ефект е необичен и битно се разликува од вообичаеното филтрирање или " fuzz" ефект.


Телекомуникации

Приемните телевизори и УКБ антени претставуваат важна компонента за квалитетен прием на телевизиските и радио програми. Во некои случаи и на места кои се многу блиску до предавателот, може да се укаже потреба од користење на антена со цел да се избегнат пречките, или пак да се постигне добар прием во пределите кои се во сенка на предавателот.


Електроника

Со развојот на компјутерите, кои добиваат се поголема процесорска сила и помали димензии, се изнаоѓаат нови полиња на употреба. Иако CAD, компјутерски помогнатото дизајнирање беше една од првите примени на компјутерот, CAE, компјутерски помогнатото инженерство, го добива своето место на помалите компјутери од неодамна.


Електроника

TDA 2003 е уште едно интегрирано коло од серијата НФ засилувачи на снага кое наоѓа широка примена во аудиозасилувачката техника. Сместен е во исто куќиште како и TDA 2002 со ист распоред на ножичките, но за разлика од неговиот претходник е со многу подобри перформанси.


Електроника

Интегралното коло TDA 2002 е аудиозасилувач на снага кој работи во класа B. Сместено е во Pentwatt куќиште кое се произведува во H и V верзија. TDA 2002 се одликува со голема излезна снага (max 10W на 2Ω), голема излезна струја (max 3,5A), како и со мали хармониски изобличувања, и можност да работи со потрошувач со мала отпорност (min 1,6).


Електроника

Во претходниот број на ЕМИТЕР, поточно во рубриката електронски елементи беше даден краток опис на внатрешната структура на напонскиот стабилизатор μA723 (LM723), а патем беа дадени и неговите основни технички карактеристики. Во овој број вниманието ќе го задржиме на неколку апликации на стабилизирани извори на напон во чија основа е ова интегрирано коло.


Електроника

TBA 810 (AP) всушност представува поусовршена варијанта на TBA 800 и TBA 810 (AS), пред се во однос на големината на излезната снага (Po = 7W, при Us = 16V, RI = 4Ω или при Us = 14,4V, RI = 2Ω), во однос на заштитата од погрешно поврзување на поларитетот на напојувањето, нивото на внесен шум, како и во однос на SVR факторот, кој за ова коло изнесува 40dB минимум.


Електроника

Големиот подем кој го бележи електрониката денес се јавува благодарение на современата технологија на производство на интегрирани компоненти. Овие елементи наоѓаат широка примена речиси во секоја гранка на електрониката. За таа цел, во следниов текст ви го претставуваме интегралното коло TBA 800 кое е едно од најстарите но и најкористените интегрирани кола во изградбата на НФ засилувачи на моќност.


Аудио и видеотехника

Во последно време најголемиот дел од мастер снимките спремни за издавање на CD, винил или касета, се снимаат на DAT. Предностите сигурно ви се познати, почнувајќи од ниската цена на поседување на DAT мастер, преку удобноста во работата па се до квалитетот на снимката кој може да биде навистина добар. Но, и покрај тоа, мал број на тон мајстори (или пак музичари кои самите снимаат во своите студија) можат да се пофалат со задоволително ниво на знаење кога станува збор за мастеринг за CD.


Електроника

Во овој напис е претставен еден многу економичен и едноставен полнач на автомобилски акумулатори. Главна одлика на овој полнач е тоа што откако акумулаторот ќе се наполни, тој самиот се исклучува. Ако полначот остане приклучен на акумулаторот подолго време и ако напонот на акумулаторот опадне под номиналниот, полначот автоматски ќе се вклучи и полнењето повторно ќе започне.


Телекомуникации

Развојот на комуникациската опрема и воведувањето нови услуги бараат и развој на нови мрежи за пренос на информации кои ќе можат да ги поддржат различните видови услуги. Денес ситуацијата е далеку од идеалната: разните услуги се пренесуваат преку посебни мрежи поради што не е можно потполно искористување на секоја од нив.


Електроника

Овој уред може да се искористи на места каде што осветлувањето е слабо или неквалитетно. Во колото на сликата една од главните функции, може да се каже и најглавната, ја врши фотоотпорникот кој ја менува отпорноста од надворешното осветлување.


Електроника

Многупати кога вршите проширување или усовршување на некое електрично коло се случува да се јават проблеми доколку располагате со единечно напојување. Проблемот најчесто се сведува на потребата од симетрично напојување или помошен негативен напон. За да ви излеземе во пресрет, во понатамошниот текст ќе дадеме неколку можни решенија на горенаведениот проблем.


Уводник

Голем дел од вас, почитувани читатели, веруваме ќе бидат задоволни уште при преглед на содржината изложена на претходната страница. Посебни причини за задоволство имаат Андрејевски Игор од Тетово, Роберто од Прилеп и Сашо Јовановски од Битола чии предлози во голема мерка се застапени во овој број.


Омнибус

Сè уште со ламби;
CD интерактив – уште еден;
Еден за сите, сите за еден;
Гледај што снимаш;
Duracell "позеленува";
Автомобилска аудио трка;
Евтин висококвалитетен повеќебранов радиоприемник