Рубрика: Електроника
Проект: DC заштита за звучници
Автор: Милчо Узунов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/1995.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


При изработка на НФ (нискофрекфентен) засилувач на моќност, многу често се избегнува размислувањето за заштита на звучникот, од можните грешки и дефекти на излезниот степен. Овие грешки, како и дефектите кои што можат да се јават во излезниот степен, можат да бидат многу трагични во финансиска смисла.

Имено, ако земеме за пример еден излезен НФ засилувач на моќност, каде што дошло до прегорување на еден осигурувач од неговото симетрично напојување, голема е веројатноста дека на неговиот излез ќе се појави еднонасочна компонента (зависно од конструкцијата), што ќе доведе до моментно оштетување на звучникот. Овие како и многу други слични појави можат да се јават и при самата изработка на засилувачот.
Проблем со појавата на DC компонентата од поголем размер, познатите компании кои произведуваат излезни засилувачи го имаат решено скоро во сите свои производни серии на НФ засилувачи. Меѓутоа, некои производители се уште произведуваат засилувачи без овој тип на заштита. Во тој случај, или пак ако сами изработувате НФ засилувач, вам ви преостанува сами да се погрижите за овој проблем.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/1995. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.