Емитер 4/1995.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Со развојот на компјутерите, кои добиваат се поголема процесорска сила и помали димензии, се изнаоѓаат нови полиња на употреба. Иако CAD, компјутерски помогнатото дизајнирање беше една од првите примени на компјутерот, CAE, компјутерски помогнатото инженерство, го добива своето место на помалите компјутери од неодамна.
Програмите за анализа на кола кои се користат денеска ви нудат максимален комфор: колото се внесува во форма на електрична шема, со едноставно избирање на елементи на колото и нивно поврзување со еден потег на глувчето, со избирање на соодветна команда од менијата се извршува симулацијата, а резултатите се прикажуваат графички, во форма на временски или бодеови дијаграми кои можат да се зголемуваат или да се мерат различни параметри на сигналите.
Некои од програмите дозволуваат во исто коло да се употребат и аналогни и дигитални склопови. Повеќето се базирани на легендарниот Berkley Spice (Simulation Program with Integrated Circuit Emphasis), што е гаранција за нивната прецизност и можноста за набавка на библиотеки со параметри за разни електронски компоненти директно од самите произведувачи или од трети фирми. Во текстов ќе бидат прикажани три програмски пакети: PSpice, ICAP, Electronics Workbench. Сите три овозможуваат едноставно внесување на шемата преку сопствени програми за цртање, а првите два дозволуваат мешани аналогно-дигитални кола.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/1995. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.