Емитер 4/1995.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Голем дел од вас, почитувани читатели, веруваме ќе бидат задоволни уште при преглед на содржината изложена на претходната страница. Посебни причини за задоволство имаат Андрејевски Игор од Тетово, Роберто од Прилеп и Сашо Јовановски од Битола чии предлози во голема мерка се застапени во овој број. Ова особено се однесува на опширниот напис на Игор Николовски за градба на мали ФМ-предаватели, како и на написот за популарниот гитарски ефект ОКТАВЕР подготвен од нашиот нов соработник Слаѓан Митиќ.
Од контакти со поголем број електроничари познато ни е дека малку од нив ги познаваат и имаат можност да дојдат до карактеристиките на разни електронски елементи. Од овие причини во овој број рубриката "Електронски елементи" е застапена на повеќе страници, а за тоа се погрижија Дејан Трпески и Блаже Јуруковски. Планираме и во иднина оваа рубрика редовно да биде присутна во списанието.
За крај, и овој уводник ве потсетуваме дека и понатаму ги очекуваме вашите мислења и предлози за концепцијата и содржината на "ЕМИТЕР."
Главен уредник
С. Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/1995. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.