Рубрика: Аудио и видеотехника
Подготовка на снимки за CD mastering
Автор: Бојан Угриновски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/1995.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во последно време најголемиот дел од мастер снимките спремни за издавање на CD, винил или касета, се снимаат на DAT. Предностите сигурно ви се познати, почнувајќи од ниската цена на поседување на DAT мастер, преку удобноста во работата па се до квалитетот на снимката кој може да биде навистина добар. Но, и покрај тоа, мал број на тон мајстори (или пак музичари кои самите снимаат во своите студија) можат да се пофалат со задоволително ниво на знаење кога станува збор за мастеринг за CD. Како и се друго, така и оваа област од продукцискиот синџир бара познавање на спецификите на работата. Со други зборови: постојат ограничувања кои потекнуваат од форматот и посебни барања кои треба да се задоволат за една DAT лента да се нарече "продукциски мастер". Намерата на овој напис е да ви помогне да се запознаете со конкретните проблеми и нивните решенија.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/1995. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.