Рубрика: Телекомуникации
ТВ и УКБ антени (прв дел)
Автор: Игор Мазгански
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/1995.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Приемните телевизори и УКБ антени претставуваат важна компонента за квалитетен прием на телевизиските и радио програми. Во некои случаи и на места кои се многу блиску до предавателот, може да се укаже потреба од користење на антена со цел да се избегнат пречките, или пак да се постигне добар прием во пределите кои се во сенка на предавателот.
За телевизиското и УКБ подрачје постојат голем број антени, од кои секоја има свои специфични карактеристики. Покрај саканите карактеристики кои го подобруваат квалитетот на приемот, постојат и такви кои не се пожелни. Поради тоа, само со познавање на сите карактеристики на една антена, може да се дојде до заклучок дали таа антена одговара за даден случај, или пак е потребна друга. За таа цел, прво ќе се задржиме на основните параметри кои ги карактеризираат антените и како тие влијаат врз приемот на даденото место, а во следните броеви ќе ги споредиме антените кои можат да се набават кај нас.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/1995. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.