Со интегрираното електронско палење искрата во свеќичката има константна енергија низ целиот опсег на вртежи на моторот. Со другите транзисторски палења, при мал број вртежи на моторот, бобината индуцира енергија подолго време помеѓу тактовите и како резултат на тоа добиваме искра со голема енергија. Тоа е добро при стартот, но со зголемување на бројот на вртежите, токму од спротивни причини, енергијата на искрата ослабува...