Електроника
Готовата електронска телефонска секретарка сместена во модул од стаклопластика

Секој ја увидел потребата од уред кој и во наше отсуство ќе ги прима телефонските повици, како би можел во динамиката на живењето да биде во контакт со своите пријатели и соработници, не пропуштајќи важни информации.


Електроника

Сигнал трасер-инјекторот е еден многу едноставен инструмент кој се користи за брзо и едноставно откривање на дефектите. Овој сигнал трасер-инјектор може да се користи само за испитување на нискофреквентни уреди. Ова ограничување доаѓа од таму што многу високите и најниските фреквенции не се во чујното подрачје на човекот.


Аудио и видеотехника
Denon-DCD-3500

Уште пред петнаесетина години конструкцијата на дигиталните аудио системи им зададе главоболка на конструкторите, на почетокот поради големата цена и недоволно технолошки можности. Сепак, со текот на времето и развитокот на дигиталната техника, дигиталните аудио системи станаа наша реалност, со цена достапна до повеќето аудиофили, па така може да се направи споредба помеѓу аналогниот и дигиталниот систем. Дилемата почна. Согласно до технологијата и системот на работа CD репродукторите би требало да звучат идентично. Точно? НЕ!! Не се сите исти – некои се скапи, некои евтини, некои звучат добро, а други лошо. Притоа сум имал можност да слушнам евтин CD плеер што подобро звучи од CD плеер кој е неколкупати поскап. Значи оттука почнува дилемата дали CD плеерот е подобар од...


Аудио и видеотехника
Звучници од Definition серијата на Tannoy

Самостојната пресметка и изработка на комплетен звучник е едно добро хоби за заинтересираните аматери (под услов да се користат Thiele-Small параметрите!). За жал, постои заблуда дека таков звучник секогаш е полош од готов, фабрички. Подобро е и да не знаете колку неквалитетни звучници и свртници се вградуваат во некои звучни кутии на некои познати фирми. Посебна приказна се тенките и невкрутени страници на кутиите, кои резонираат и при тивка музика. За среќа, постојат и познати фирми кои сериозно ги осмислуваат и изработуваат и најевтините модели во нивната производна програма. Една од тие фирми е британскиот Tannoy. Во овој текст ќе биде претставена целата Hi-Fi производна програма на Tannoy - сериите Definition, Profile, Prestige и PBM, со детални објаснувања за употребените технички решенија.


Електроника

Имајќи го предвид фактот дека голем дел од читателите (а посебно електроничарите почетници), се интересираат за вакви склопови решивме да изработиме проект кој доста успешно го имитира пеењето на птиците. Не сме сигурни точно кој вид птица имитира, но во секој случај звукот е многу интересен. Вообичаена примена на ова коло е како ѕвоно за влезната врата, но со малку фантазија можете да го искористите и за други функции.


Електроника

Проектот што го презентирам е погоден за почетници кои сакаат за прв пат да направат транзисторски засилувач со комплементарен пар на излезни транзистори. Овој засилувач го одбрав затоа што е доста евтин, а и сите делови можат да се најдат во продавниците за електронски делови, па дури и во домашните резерви од некој стар расклопен уред. Засилувачот работи во AB класа.


Аудио и видеотехника

Тјунерот, без сомнение претставува еден од најпопуларните аудио уреди за репродукција на звукот. Аудиофилската вредност на тјунерот не лежи во неговата способност за висококвалитетна репродукција, дури ни во случај кога се работи за најдобар примерок од овој вид и кога тој работи во најповолен режим на работа...


Електроника

Кога преснимуваме некој видео материјал од една касета на друга, квалитетот на сигналот во значителна мерка се намалува. Овде ќе ви прикажеме засилувач кој битно ги намалува загубите при преснимувањето, а исто така може да служи и за умножување на касети, бидеќи овозможува од еден извор (плеер) да се снима на четири рекордери, без да се изгуби од квалитетот.


Електроника

Овде ви нудиме еден едноставен уред со кој можете да ја мерите моќноста на излезните засилувачи. Покрај тоа, пар од овие индикатори може да се монтираат на предната плоча од засилувачот и да работат како VU-метар, што изгледа многу атрактивно (сетете се на некои врвни засилувачи).


Електроника

Колото кое е претставено на сликата гарантира дека кога сијалицата La1 ќе испушти душа, сијалицата La2 ќе ја превземе нејзината задача, па просторијата ќе остане и понатаму светла.


Електроника

Интегрираните регулатори на напон LM317 и LM337, овозможуваат многу едноставно да се реализира симетричен извор на стабилизиран напон. Прикажаното коло овозможува регулација на излезниот напон од 0 па се до 15 V (-15 V).


Уводник

По пет месеци откако беше објавен (во број 7-8/96) нашиот прв конкурс за проекти од областа на електрониката го приведуваме кон крајот. На неколку дена пред рокот предвиден со конкурсот (1.11.1996г.) во нашата редакција имаше пристигнато само неколку трудови што воопшто не влеваше оптимизам за успешна реализација на оваа идеја. Сепак во последните денови од октомври пристигнаа уште неколку проекти со што бројот на пристигнати трудови го достигна бројот 14.


Омнибус

На минатогодишниот CQ WW DX CW натпревар беа постигнати солидни резултати посебно на опсезите 160m и 80m каде условите за одржување DX - врски беа исклучително добри. Постигнати се неколку светски и континентални рекорди. Од Р. Македонија најдобар резултат и пласман постигна Радио клубот ''Тесла'' од Штип 330M освојувајќи го првото место во светот во категоријата 14MHz еден оператор - мала снага.


Омнибус

Како до двапати поголемо количество на информации; LCR метар HP4284A; Интернет на радио брановите; EZCD Plus CD-ROM; Мали моќни алатки; CASIO - нови ''финти на пазарот''; ХСТ по првпат во Македонија; UBA SW натпревар; Electrocompaniet ECI-2; Thorens TCD 2000


Годишен индекс

Рубриката Годишен индекс ви овозможува преглед на сите написи објавени во тековната година систематизирани по азбучен ред и научни области. Кога ќе го лоцирате насловот на написот кој ве интересира едноставно следете ги точките и дознавате во кој број на ЕМИТЕР тој бил објавен во тековната година и на која страница. Годишниот индекс е особено практичен прилог за читателите кои ги чуваат (укоричуваат) примероците од цела година.


Писма
Електронски лампи и интегрирани кола