Овој мерен инструмент е наменет за мерење и визуелно отчитување на логичките состојби кај сите интегрални кола, инструменти, апарати и други уреди кои работат во TTL техника. За разлика од многуте други TTL сонди кај кои можат да се отчитаат само две состојби, логичка “1” и логичка “0”, оваа сонда може да ја покаже и недефинираната состојба (---) или состојбата при која колата не можат да распознаат дали се работи за логичка “1” или логичка “0”.