Емитер 12/1997.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Американската компанија Infinity е оформена 1968 година во предградието на Лос Ангелес и набргу стана значаен чинител во светската индустрија на звучници. Нивниот прв производ, Servo Statik 1 веднаш ја покажа инвентивноста и оригиналноста на Infinity. Во овој звучник се комбинирани еден пар од најдобрите можни сателитски звучници - електростатските и најдобриот можен сабвуфер - со серво контрола. Електростатските звучници овозможуваат најдобра репродукција на скоро сите тонови - од високите басови па сé до највисоките фреквенции, а серво контролираниот електродинамички звучник во сабвуферот овозможува совршено прецизна репродукција на ниските тонови, со занемарливо мали изобличувања. Но, високата цена на електростатските звучници и нивната ограничена дисперзија на повисоките тонови ги насочија напорите на компанијата Infinity во нов правец - пронаоѓање на нов вид на звучник, кој ќе ги задржи добрите својства на електростатските звучници, но без нивните негативни страни. Плодот на нивните истражува беа планарните звучници EMIT (Electro Magnetic Induction Tweeter) и EMIM (Electro Magnetic Induction Midrange).
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.