Омнибус

SST технологија на Panasonic;
GPS часовник;
Звучна контрола од Klein&Hummel;
Beyer го проширува асортиманот;
Clear-Com го проширува производниот асортиман;
VAC Avatar;
B&W 602 S2;
MP3 или MiniDisc?;
Сет од мерен софтвер за PC;
Alinco DX-77T


Омнибус

Сигурноста при менување антени;
Ексклузивни повикувачки знаци;
Дипломи од Русија;
R-6-K;
Russia Award;
W-100-R;
Книги;
Правила за натпреварот CQ MIR DX;
Книги за CB;
DX прогноза за јуни;
DX прогноза за јули


Електроника

Уредот кој ќе биде опишан во понатамошниот текст претставува склоп кој може да се употреби во нај различни случаи. Најчеста примена му е во алармните системи кај што треба да се детектира преминување на одредени субјекти преку зона која се штити, броење т.е.


Електроника

Ова коло е дизајнирано за затемнување на халогени сијалици за 24V AC, но со мали модификации може да се употреби и за 12V халогени сијалици.


Електроника

Овој едноставен испитувач на диоди и транзистори и покрај својата едноставност може корисно да им послужи на електроничарите почетници кои не располагаат со никаков инструмент за испитување на овие електронски елементи. Испитувачот е мошне едноставен и за кратко време можат да го изработаат и оние електроничари кои ги прават првите чекори во електрониката.


Електроника

Излезниот степен на најголем број од автомобилските радиокасетофони обично нема посебен прекинувач за звучниците кој би играл улога на нивни вклучувач и исклучувач при вкл. или искл. на радиокасетофонот. Имено, сите сме сведоци на појавата на непријатниот звук кој се појавува од звучниците при вклучувањето на радиокасетофонот како последица на релативно големата струја која протекува во тој момент. Истото се случува и при ислкучување на радиокасетофонот.


Електроника

Многу мотоцикли немаат уред за покажување на температурата на моторот што значи дека мотоциклистите можат само да погодуваат околу тоа дали моторот е топол, ладен или прегреан (едноставно, само со ставање на раката на или блиску до моторот). Но секако дека никој не би сакал да се најде во ситуација да рече дека неговиот мотор прегреал иако тој водел сметка за тоа. Електричното коло кое овде ќе биде опишано дава одговор на сите сомневања по тоа прашање.


Телекомуникации

Ground – Plane (GP) е антена со вертикална поларизација со низок агол на зрачење омнидирекционално во сите насоки. Со оглед на нејзините карактеристики како и едноставноста на конструирање и поставување, овој тип на антена е често употребуван од радиоаматерите.


Телекомуникации

Косо поставените диполи често се користени од страна на радиоаматерите и даваат одлични резултати во воспоставувањето далечни врски (DX).


Аудио и видеотехника

При крајот на предминатата година се појави едно многу интересно интервју направено со легендарниот аудиоконструктор Rupert Neve кој во светските аудио кругови ужива несомнена почит. Во него се опфатени разни области на аудиотехниката. Како и да е, неговите мислења и сфаќања во врска со тековните, поранешните и идните дилеми на аудиотехниката се надеваме дека ќе бидат многу интересни не само за професионалците, туку за поширок круг читатели. Интервјуто е преработено без да се навлегува во суштината на оригиналните изјави.


Аудио и видеотехника

Во последните неколку години евидентен е динамичен премин од аналогни кон дигитални уреди речиси кај сите производители на аудио и видео опрема. Таквиот тренд е присутен како кај нови производители, така и кај оние кои успешно котираат како производители на аналогна опрема. Таков е и примерот на англиската фирма Soundcraft која со своите миксери веројатно е најприсутна кај нас првенствено благодарение на пристапните цени и добриот квалитет. Во следниот текст ќе се осврнеме на нивниот одговор на дигиталните миксери на Yamaha и на другите производители, под име Spirit Digital 328.


Аудио и видеотехника

Пеце Јовановски не беше задоволен од квалитетот на звукот од своите звучници Jamo Cornet 40 IV и ми постави прашање дали може да се добие подобар звук од оној што го направила фабриката. Се разбира дека може. Секогаш. Така Пеце ми ги донесе своите звучници на лабораториски испитувања и оперативен зафат.


Аудио и видеотехника

Запишувањето, односно конзервацијата, на звучните сигнали започнува уште минатиот век со механичкиот запис што го остварил Едисон на восочен цилиндар. Од аспектот на архивирањето многу значајна е компонентата трајност на одреден медиум. И таа, како и квалитетот на записот, се подобрувала со развитокот на технолошките процеси за производството на материјалите од кои се правеле медиумите. Затоа од основна важност е познавањето на технолошките карактеристики на материјалите од кои е сочинет некој медиум и условите под кои треба да биде архивиран за да се постигне неговата максимална трајност.


Електроника

Автоматот за бришачи AB -55 ја обединува работата на предниот и задниот бришач на една заедничка команда. Развиен е за возилата ЈУГО 55 но може да се користи во сите возила кај кои со бришачите се управува на ист или сличен начин.


Електроника

Модерниот тренд на слушање гласна музика во автомобилот сè почесто е присутен и кај нас. На нашиот пазар последниве неколку години можат да се набават готови засилувачи кои се со навистина ниска цена (крајно лош избор), како и квалитетни засилувачи произведени од познати светски фирми. Како што веќе претпоставувате квалитетните засилувачи се со одлични карактеристики, кои за жал се продаваат за енормно високи цени и ретко кој од нас е во можност да си дозволи таков луксуз.


Електроника

За алармите, досега неколкупати е пишувано на страниците на Емитер. Во броевите 1/95 стр. 32 и 5/98 стр. 42 опишани се аларми за автомобил, а во бројот 6/99 на стр. 49 опишан е аларм за мотоцикл. За да не се повторуваме, овој автоаларм е избран концепциски да се разликува во некои поединости од претходните, но секако задржани се нивните добри идејни решенија.


Телекомуникации

Дигиталниот пренос на радио програма (DAB) се повеќе станува присутен во етерот. Иднината и квалитетот на преносот на радио програмата се содржани во DAB системот. Покрај пренос на аудио со голем квалитет, DAB системот како новитет нуди низа други сервисни услуги.


Писма
Предавател АДР-02
Звучници
Еквилајзер и заштита за звучници
Поголема моќност од засилувачот