Емитер 5-6/2000.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Уредот кој ќе биде опишан во понатамошниот текст претставува склоп кој може да се употреби во нај различни случаи. Најчеста примена му е во алармните системи кај што треба да се детектира преминување на одредени субјекти преку зона која се штити, броење т.е. регистрирање на предмети на подвижна лента и алармирање во случај на некаков дисконтинуитет, како и дојава дека одреден простор е веќе заземен за што во последно време се најбарани овие уреди бидејќи се користат во комбинација со системите за далечинско отворање и затворање на дворни и гаражни врати, во случај кога автомобилот е паркиран на местото по кое се движи вратата или некој застане на тоа место. Тогаш снопот од инфрацрвени зраци ќе биде прекинат и вратата не може да стартува. Во моментот на повторен континуитет на зракот вратата би почнала со движење доколку биде активирана далечинската команда.

Првиот дел од приемникот всушност е преземен како готов спој од телевизиски приемник. Овие споеви што се употребуваат како приемници на инфрацрвена светлост во ТВ приемниците како активен елемент користат специјални интегрирани кола во кои оптимално е одредено засилувањето на корисниот сигнал, максимално се потиснати шумовите се со цел да се добие чист и доволно силен корисен сигнал. За овој уред, намерно е одбран спојот со интегрираното коло TDA 2023A, кое е ефтино, квалитетно и што е најважно го има во малопродажната мрежа. Со мала помош однадвор склопот ги дава максималните резултати. Една од тие работи е и додавање на собирна леќа пред приемната инфрацрвена диода како и инфрацрвениот филтер, кој во голема мера ги елиминира надворешните шумови. Вториот дел од приемникот претставува акустички релеј кој се активира кога на влезот ќе се донесе тонски сигнал со одредена фреквенција.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5-6/2000. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.