Емитер 5-6/2000.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во последните неколку години евидентен е динамичен премин од аналогни кон дигитални уреди речиси кај сите производители на аудио и видео опрема. Таквиот тренд е присутен како кај нови производители, така и кај оние кои успешно котираат како производители на аналогна опрема. Таков е и примерот на англиската фирма Soundcraft која со своите миксери веројатно е најприсутна кај нас првенствено благодарение на пристапните цени и добриот квалитет. Во следниот текст ќе се осврнеме на нивниот одговор на дигиталните миксери на Yamaha и на другите производители, под име Spirit Digital 328.
Иако на прв поглед делува како да нуди помалку во споредба со другите миксери со 8 собирници (8 bus систем) повеќе работи го издвојуваат од другите, меѓу кои најзначајна е менито кое е толку упростено што го прави прифатлив како аналоген миксер.
Digital 328 е in line миксер со сите можности во двете гранки така што не е потребно постојано преоѓање од едната во друга, има 32 тро-појасни еквилајзери, два мулти-ефект процесори со Lexcon алгоитам и два канала за додатни уреди.
Земајќи ги дигиталните миксери на Yamaha како воспоставен стандард, како во однос на квалитетот така и во однос на можностите во соодветната класа, може да се рече дека Spirit Digital 328 претставува успешно отстапување првенствено поради "аналогниот" пристап, успешно решената навигација и јасниот начин на рутирање. Но сè не е идеално, неколку замерки не моѓе да се избегнат...
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5-6/2000. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.