Емитер 10/2003.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Сакате добра вечер? Ама, навистина добра вечер? Ќе Ви кажам еден одличен рецепт! Потребно Ви е: едно весело друштво, еден пар погабаритни звучници од по 2 метра висина; еден стерео засилувач со најмалку 25 кг жива мера; два це-де плеери; 30 тазе це-деа; еден грамофон; 20 одлежани, крцкави ЛП плочи и еден ди-џеј (DЈ)... Да не заборавив нешто? ... Ах, да! Потребен Ви е и еден миксер (mixer, "миксета"). Сето тоа измешајте го за да се покачи температурата и служете се додека е топло, некаде до раните утрински часови. Со ова иде и една до две гајби пиво оладено на, инсистирам, 4 степени целзиусови (никако не се сложувам со често цитираната вредност од 8 степени!).
Напредокот на технологијата и зголемената побарувачка (и понуда) придонесе за пад на цените на полупрофесионалните и хоби аудиоуреди, како што се миксерите. Зголемениот интерес на младите за поактивна улога во уживањето на музиката донесе до потполно нов вид на консумент/креатор, за кој е искован еден многу прецизен израз: bedroom DJ. Токму за нив (а и за оние понапредните) е наменет следниов преглед на можностите на типичните миксери, кој ќе го направам на конкретен пример на три миксери – два од фирмата TELE и еден од фирмата KODA.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.