Омнибус

Epson Stylus photo 935:PC - не благодарам;
Новата серија 5 на BMW;
Доаѓа мини со дизелски мотор;
Медицински експеримент на меѓународната орбитална станица;
Заштита против копирање на компакт дискови;
Бесплатен софтвер;
Новата Хонда Акорд со рекордна аеродинамика;
Прстен од ѕвезди околу нашата галаксија;
NASA ќе ја проучува причината за појава на полатната светлина;
Dacia Solenza;
Bird of prey;


Аеронаутика

Беше само прашање на време кога оваа голема нација својата супериорност во областа на производството и примената на електрониката ќе ја искаже и на некое друго поле, продолжувајќи ја на тој начин националната традиција чии корени продираат некаде до првата половина на минатиот век. Со ова, царството на моќните "челични птици" е збогатено со уште една членка, на која, по многу показатели, тоа место меѓу избраните одамна требаше да ѝ припадне.


Астрономија и астронаутика

Група научници од Пенсилванија објавија студија (списание Discover, ноември 2002) за постоење на услови на живот на планети надвор од сончевиот систем. Тие, ги анализирале условите на живот на неколку ново-откриени екстрасоларни планети на тој начин што со компјутерска симулација ја "поставиле" Земјата во ексцентрична орбита, каква што имаат откриените планети.


Астрономија и астронаутика

Како идеја зачнато кон крајот на деветнаесеттиот век, а првпат остварено во 1961 година, кога Јуриј Гагарин со "Спутник" ја обиколи Земјата, летањето на човекот во вселената доживеа неверојатно брз подем во последните четириесетина години. Оваа кратка историја бележи многу успеси, но не одеше секогаш сè како подмачкано. Пет од досегашните мисии со екипаж претрпеа катастрофи и притоа сите членови ги загубија животите.


Аудио и видеотехника

На нашиот пазар од неодамна се појави новосадската фирма ТОМ, која ја основаше м-р Мирослав Томиќ, инженер со големо искуство во оперативната телевизиска експлоатација и во одржувањето на уредите застапени во телевизиската техника и коавтор на повеќе книги и учебници од телевизиската проблематика.


Електроника

Напојувањето ги дава работните напони што му се потребни на уредот за нормална работа. Излезните степени кај засилувачите на моќност претставуваат, искажано со јазикот на Штрумфовите, голема уста која сака лапачка. Во домашни услови, извор на енергија е мрежата, иако може да постојат и ‘локални’ извори на DC напон, најчесто батерии, кои се најзастапени кај преносните уреди.


Електроника

Сите оние кои имаат потреба да изработат мал и поквалитетен повеќенаменски предзасилувач со добри перформанси, еве им шанса да ја остварат таа идеја. Овој влезен засилувач ќе ви обезбеди засилување кое може да се нагодува во широк опсег, со многу низок шум, а со поврзување на повеќе од овие склопови ќе добиете одличен миксер.


Електроника

Грејачите што се поставуваат на задното ветробранско стакло може успешно да се искористат како приемна радиоантена за автомобилските радиоприемници. За да се овозможи таквата функција на грејачот, мора да се спречи кратката врска на индуцираниот високофреквентен напон преку акумулаторот.


Електроника

Во овој кус напис е прикажан склоп на широкопојасен каскаден антенски засилувач за фреквенциски опсег од 200 kHz до 200MHz.


Енергетика

Развојот на електрониката и минијатуризацијата на преносните електронски уреди: дигитални фотоапарати, мобилни телефони, lap-top компјутери, дискмени и други портабл уреди, донесе императив за концентрација на енергијата на батерискиот извор на напојување во мали волумени и во мали тежини. Досегашните батериски извори на напојување од типот на Ni-Cd и Ni-Mh, полека но сигурно се заменуваат со Li-Ion батерии.


Информатика

Најновото од Apple е првиот 17-инчен лап-топ Apple - PowerBook G4. Има најголем и најспектакуларен екран што некогаш го "носел" еден лап-топ. Вчудовидувачки е дизајниран и е тенок само 1 инч (2,54 cm). "Недостапен" за секого поради својата цена, ова "чудо" носи во себе такви компоненти, какви што секој лап-топ во светот би посакал да има.


Информатика

Од 15. 04 до 19. 04. 2003 се одржа саемот за информациска технологија ИНФОКОМ но овојпат во придружба само од самот за книга и либрографика, бидејки од сосема оправдани причини не се појавија видео и аудиофилите.


Информатика

Со самото инсталирање на Windows, системот по default врши нагодувања на вашиот компјутер. За некои од нив имате опции со кои подоцна можете да ги нагодите по свој вкус, а за некои не. Сепак ако Microsoft не ги овозможил тие нагодувања, тоа не мора да значи дека е невозможно тие да се направат :-). Еден од начините самите да го нагодите вашиот систем е тоа да го сторите директно во регистрите од каде што системот ги вчитува информациите при секое стартирање.


Информатика

За да може електронските уреди да комуницираат меѓу себе и да разменуваат податоци, потребно е да бидат поврзани со соодветен интерфејс. Ако секој производител на електронски уреди вградува сопствен интерфејс и употребува сопствен протокол на комуникација, тогаш поврзувањето на два уреда од различен производител би било вистински кошмар.


Медицина

Со развојот на квантната механика во последите 20-30 години, лекувањето со ласер навлезе широко во клиничката пракса.


Телекомуникации

Еден од последните производи од одделот за телекомуникации на Јапонскиот гигант Panasonic е Dual Band-от GD76. Овој GPRS терминал може да работи со GSM мрежи на 900 и 1800 Mhz. GD76 е мобилен телефон кај кој е направена добра "збирка" од последните технолошки трендови, а сето тоа е сместено во куќиште со умерени димензии и тежина, а и со интересен дизајн.


Физика

Апстрактните поими во теоријата на релативитетот: еквивалент на енергијата со масата, брзината на светлината е апсолутна големина, "искривен" просторно-временски континуум, скратување на времето со брзината, зголемување на масата со брзината, гравитациско зрачење, сингуларитет - бесконечна гравитација, односно енергија во само една математичка точка итн. се "вечни" теми меѓу сите научници и љубители на науката уште од нивното објавувале од страна на Ајнштајн на почетокот од минатиот век.


Макетарство и моделарство

Овој модел на авион спаѓа во категоријата на "лизгачи " и е направен од меки дрвени плочи со различни дебелини. Откако ќе се состави, авионот ќе може да лета, а може да се лансира со раката или со помош на катапулт кој се состои од еластична лента прицврстена на дрвена основа. Ова е одличен подарок за дете кое е љубител на авиони-играчки.


Метеорологија

Сонот за контролирано менување на времето, се чини, никогаш нема да исчезне.
Уште во 1957 година, Американскиот претседателски советодавен комитет предупредил дека модификацијата на времето може да биде многу појако оружје од атомската бомба.
За време на Виетнамската војна, американската армија извршила околу 3000 засејувања на облаците со сребро јодид, за да ги зголеми монсунските врнежи. Повеќето засејувања биле неуспешни и акциите завршиле со минимални резултати.


Математика

Во овој број на ЕМИТЕР титулата најдобар математичар на месецот и укоричен комплет од ЕМИТЕР ги понесува нашиот редовен решавач Стевче Петров од Радовиш, кој што ни испрати точни и најдобро образложени решенија на сите три задачи од априлскиот број на ЕМИТЕР. Точни решенија за сите задачи со интересни образложенија понуди и Димитриј Мијоски од Прилеп, кого го наградуваме со примерок од книгата "Обработка на аудиосигналот".


Автомобилска техника

Работата на Бугати се карактеризирала со единствена комбинација од напредно, но едноставно проектирање и уметничка изведба на сите технички детали. Неговите креации се сметаат за чиста уметност и од неговите обожаватели, но и од експерти што не се од полето на автомобилизмот.


Автомобилска техника

"Шестката" како промотор на новиот, "зум-зум" концепт на Mazda, во целост ја потврди оправданоста на одлуката на жирито за доделување на титулата "Автомобил на годината во Македонија за 2003". Караванската варијанта на Mazda 6 со најбогатиот пакет на опрема е автомобил со семејни манири, ина голем багажен простор и овозможува големо уживање во возењето.


Автомобилска техника

Новото издание на теренецот Toyota Land Cruiser (Тојота Ленд Крузер) претставен на ланскиот париски салон на автомобили, донесува и неколку интересни технички подобрувања од кои посебно се истакнува варијабилниот серво волан (Variable Gear Ratio Stering - VGRS).


Автомобилска техника

Тојота Авенсис (Toyota Avensis), за разлика од последните јапонски претставници во средната класа (Nissan Primera, Mazda 6 и Honda Accord), изгледа посмирено, асоцирајќи елеганција, но во малку посмирена форма. Тоа би можело (и би требало) да биде многу мудро решение, зашто сите не сакаат освојувачи и "атлетски" автомобили како Alfa Romeo, BMW или Mazda 6.


Аудио и видеотехника

Ви го претставувам тестот на девет евтини бас/среднотонски звучници со номинален дијаметар од 165 mm (6,5 инчи). Со професионалниот уред за аудиомерења CLIO ги измерив нивните Thiele-Small параметри, амплитудно-фреквенциските карактеристики, waterfall дијаграмот и изобличувањата од вториот и третиот хармоник, но заради ограничениот простор, нема да бидат прикажани waterfall дијаграмите и графиконите за изобличувањата.


Електроника

Во овој број на ЕМИТЕР ќе ви претставиме уште еден исклучително корисен инструмент, посебно за сервисерите на ТВ уреди и монитори. Станува збор за инструмент кој со релативно голема точност ја одредува исправноста на високонапонските трансформатори и степенот за добивање на висок напон, кои се наоѓаат во секој ТВ уред или монитор со стандардна катодна цевка.


Информатика

Литографија (грчки: líthos - камен и graphía – пишување) е процес за печатење развиен во 1878 година од германски инспектор за мапи (!), извесен господин Aloys Senefelder. Литографијата се служи со рамна, лесна и планографска површина каде што областа за печатење не е повисока од онаа област што не се печати, односно се користи (ре)акцијата помеѓу маст и вода. Senefelder открил дека доколку на варовник се исцрта цртеж со мрсна креда, линиите ќе го привлечат и задржат мрсното мастило кога каменот е намокрен, додека пак, останатите површини ќе останат без мастило. Цртежот понатака можел да биде репродуциран на соодветна хартија положена на каменот. И сето тоа во 19-тиот век...
...а денеска со истото име се нарекува процес со кој што може да се "исцртаат” транзистори со 15nm (нанометарски) gate, спремни за THz (терахерцен) такт!


Телекомуникации

Еволуцијата на мрежните топологии со сè поголем опсег нè води од LED технологиите од постар датум, побрзите, но многу поскапи ласерски технологии, се до денешниве VCSEL технологии, што овозможуваат ласерски перформанси за многу пониска цена.


Воена техника

Многу воени аналитичари и стратези се прашуваат какво треба да биде личното оружје на војникот од новиот милениум. Едно од предложените оружја наречено METAL STORM веројатно го дава одговорот.


Писма
Гитарски засилувач, под итно!
Набавка и изработка на макети