Емитер 5/2003.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
"Шестката" како промотор на новиот, "зум-зум" концепт на Mazda, во целост ја потврди оправданоста на одлуката на жирито за доделување на титулата "Автомобил на годината во Македонија за 2003". Караванската варијанта на Mazda 6 со најбогатиот пакет на опрема е автомобил со семејни манири, ина голем багажен простор и овозможува големо уживање во возењето.
Кога по повеќедневно дружење со автомобилот што измамува воздишки од околината при секоја негова појава и кога по неколку илјади изминати километри вистински сте се соживеале со него, тешко ви паѓа дека морате да ги вратите клучевите од него, и тогаш со сигурност знаете дека за "пријател" сте имале нешто навистина убаво и атрактивно. Но, сѐ што е убаво, кратко трае, а вие почнувате да размислувате за тоа пријателство да трае вечно.
Mazda 6 е првиот производ на јапонската компанија што почна да го промовира новиот "зум-зум" концепт и фолософијата на "емоции во движење". Ако притоа се придодадат вкупно 38-те најразлични награди што Mazda 6 ги има освоено низ целиот свет, почнувајќи од дизајн, па сѐ до автомобил на годината во изборот на националните жирија од повеќе земји и реномирани автомагазини, тогаш и најголемите скептици мора да "ѝ симнат капа" на "шестката". Автомобилот е создаден на нова платформа, со ново, покусо и поефектно име.
Mazda 6 годинава ја освои и наградата "Автомобил на годината во Македонија за 2003" од националното жири. Преку македонскиот увозник "Аутокомерц" на тест го имавме топ-моделот во караванска изведба и дизелска верзија со 136КС и GT ниво на опрема. Со истиот автомобил беше реализиран патот на Саемот за автомобили во Женева каде што иминавме 4000 km, а потоа го имавме на тест и во македонски услови на возење. Автомобилот е вистинска комбинација на автомобил со семејни, но и спортски манири и голем багажен простор, кој може да се зголеми на 1690 литри со преклопување на задната клупа. Доволно за секое семејство, каде возачот повремено сака и "да стисне на гаста". Без оглед на караванската каросерија. во целост може да се почувствува спортскиот дух, атрактивниот изглед, внатрешниот комфор и малата потрошувачка. Вистинска љубов на прв поглед.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.