Симболот на италијанскиот стил и производство низ целиот свет, безвременскиот FIAT 500, продолжува да импресионира. Во единаесеттата година од своето постоење тој забележа најдобар прогрес во продажбата, со речиси 194 000 новорегистрирани возила во Европа во 2018 (вкупно Fiat 500 и Abarth 500). Ова е уште еден рекорд за најдобро продаваниот автомобил, којшто во својот сегмент го оствари својот втор најдобар резултат, со удел од околу 15%.
"Овој рекорд на продажба е сведоштво колку 500 е вистинска безвременска икона во светот на автомобилите, и тоа не само за марката Fiat. Многу сум горд на овој резултат којшто го постави моделот 500 за лидер во продажбата во 11 европски земји и на подиумот во уште 4 други. Во 11-те години од своето постоење, 500 никогаш не излегол од мода и се зацврсти како симбол на сè што е "made in Italy" и кој без никогаш да го изгуби сопствениот идентитет, знаеше да се интерпретира поврзувајќи се со брендови кои и самите претставуваат икона – во светот на модата, на луксузното морепловство, на наследената технологија – остварувајќи на тој начин над 30 специјални серии кои го испитуваа теренот непознат и невообичаен за еден градски автомобил. Сè на сè, како и неговиот пресветол предок, новиот 500 знаеше да го “обои“ секојдневието и улиците насекаде во светот станувајќи cool одговор на потребите на интернационалата урбана мобилност. Денес, автомобилот Fiat е најраспространет низ светот, наоѓајќи свое место во повеќе од 100 земји. Над 80% од вкупната продажба се остварува надвор од Италија. Севкупно, од 2007 година до денес, произведени се повеќе од 2 милиони и 110 илјади Fiat 500, кои заедно со претходната верзија стануваат над 6 милиони, или со производството во периодот од 1957 до 1977, со продажбата до денес, тој е еден од најпродаваните модели на Фиат на сите времиња", вели Лука Наполитано (Luca Napolitano), директор на брендовите FIAT и Abarth за регионот EMEA.
Легендарниот 500 продолжува да воодушевува со својот безвременски стил и со својата POP суштина која секогаш предизвикува насмевка, секаде низ светот, благодарение на неговата заоблена и мека линија. Помеѓу тајните на успехот се и повеќе од 30 специјални серии, базирани на Fiat 500 и Abarth 595, кои се надоврзуваа една на друга уште од 2007 до денес. Победничката стратегија се потврди и во 2018, co специјалните серии 500 Mirror, 500 Collezione и 500 Spiaggina ’58. Конечно, на крунисувањето на извонредната 2018, минатиот декември беше објавено дека на 10 февруари, во рамките на изложбата “The Value of Good Design”, за првпат пред јавноста ќе биде изложен историскиот примерок на Fiat 500 серија F откупен од страна на MoMA од Њујорк, како потврда на неговата симболична вредност на полето на светскиот дизајн.