Победата на Mitsubushi на релито Дакар 2003 не е ништо ново. Јапонците како да се претплатени за победници на ова рели. Заштитен знак на Mitsubishi на ова натпреварување, традиционално, е Pajero, ама оваа година тој се претстави и со едно новоконципирано возило, комплетно предодредено за рели-трки од ваков тип. Pajero Evolution, победникот на релито, предизвика големо внимание, а она што ќе биде изненадување е тоа што тој наскоро ќе добие и цивилна малосериска изведба.