Емитер 3/2003.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во последно време на пазарот, цената на мобилните телефони со колор дисплеи станува се подостапна и за пошироките народни маси, и прашање на време е кога истите ќе станат стандард во производството на мобилки и ќе ги истиснат "веќе застарените" монохрони дисплеи. За таа цел, во овој напис Ви претставуваме два мобилни телефони со колор дисплеи. Двата припаѓаат на различна класа и разликата во перформансите е очигледна.
Моделот A835 е нов производ од Motorola, кои мора да признаеме дека во последно време на пазарот лансираат сѐ повеќе технолошки бисери. Вториот UMTS (Univeral Mobile Telecommunication System) терминал произведен од оваа американска компанија, претставува навистина големо достигнување за Motorola и воедно е најдобриот мобилен телефон кој се појавил, поточно треба да се појави од нивната фабрика. Главната цел на А835 е да ги задоволи потребите на оние корисници кои секогаш го бараат максимумот со својата мобилка и кои посебно ги интересира напредниот начин на комуникација, а исто така и забавата.
Новата А835 е веќе претставена на јавноста на саемот Moto Momentum во Шангај, заедно со уште осум други телефони. Некои од овие нема да ги има на пазарот во Европа, барем не кај овластените дистрибутери. Што се однесува до A835-ката, таа би требало да се појавиза некој месец, на почетокот на летото. Цената сѐ уте не е објавена, но судејќи по технологијата што е вметната таа ќе биде доста висока.
Trium е производител на мобилни телефони кој е релативно непознат на нашиот пазар, но тоа не значи дека по квалитетот заостанува зад останатите производители кои си имаат обезбедено сигурно место кај нас, како Nokia, Ericcson, Siemens,... Самото тоа што го носи знакот на гигантот Mitsubishi, трикраката ѕвезда, само по себе говори за квалитетот на производите на Trium. Последниот нивен производ ја има ознаката M320. Ова претставува атрактивен мобилен телефон, со интересен и едноставен изглед, простран дисплеј во боја и многубројни корисни функции.
M320 претставува Dual Band EGSM (Extended Global System for Mobile Telecommunication), или преведено на јазикот на народот, може да оперира на два типа GSM мрежи и тоа на 900 и 1800 MHz. Исто така има поддршка и за GPRS (General Packet Radio Service) од класа 8, што значи дека има 4 слота за прием и еден за предавање, а вметнати се и FR (Full Rate) и EFR (Enhanced Full Rate) + HR (Hifg Rate) кодови. Дисплејот во боја прави разлика помеѓу 4096 бои, со резолуција од 128x141 пиксели.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.