Астрономија и астронаутика

Вселенското летало Касини, по 6 годишно патување и изминати 3,52 милијарди километри пристигна на својата дестинација и влезе во орбита околу планетата Сатурн, со цел да ја разреши енигмата за потеклото на неговите чудни прстени. Во својот состав леталото Касини има сонда Хајгенс, која на 24 декември оваа година ќе се оддели и ќе се спушти на Сатурновата најголема месечина Титан, во потрага по тајната на појава на животот.


Електроника

Изработката на овој уред е иницирана од потребата во мал простор да се смести инструмент кој последователно ќе го испишува напонот на неколку (во овој случај осум) мерни напонски точки. Ова е алтернативно решение за поставување на осум независни волтметри, кои го прикажуваат напонот што го мерат.


Металство и машинство

Во овој текст е прикажана изработката на пропански горилник со голема моќност. Горилниците со оваа моќност кои се наоѓаат во продавниците се изведени како горилници со кратка "глава" кои за разлика од овој горилник имаат помалку концентриран пламен и се далеку поскапи. Горилникот работи по принцип на Бунзенов горилник.


Информатика

Компјутерските закани од ден на ден стануваат се поголеми. Секојдневно се појавуваат голем број вируси, тројанци, црви и здодевни спам-ови. Секогаш кога ќе се најде начин да се спречи некој напад врз одредена мрежа или компјутер, хакерите се обидуваат да најдат нова метода за напад со цел пробив во компјутерските системи. Еден од најефикасните одбранбени механизми за компјутери што денес постојат во светот го прави фирмата Касперски (Kaspersky).


Воена техника

Насилното фрагментирање на поранешната СФРЈ и острите, политичко-економски изолациски мерки, тврдокорно одржувани кон СР Југославија повеќе од една деценија, проектираа конкретна опасност успешното деби на овој, своевремено, артилериски хит да го трансформираат во експресно заборавена епизода на напредната наменска индустрија на некогашната заедничка држава.


Електроника

Уредот овозможува работа на флуоресцентна светилка, популарно т.н. "неонка", на еднонасочен напон од 12 волти. Може да се користи како извор на светло во автомобил, како дополнително светло во недостаток на мрежно осветлување или преносно светло со автономен извор на батериско напојување. Ако се употребат неонки во боја, може да користи како декоративен елемент на подвозјето на автомобилот.


Автомобилска техника

Во вториот дел од написот за автомобилските гуми ќе бидат објаснети најважните ознаки кои ги има на гумите, притисокот во нив и уште неколку практични напомени кои би требало да помогнат при правилен избор, како и за подобро и подолго експлоатирање на гумите.


Електроника

Многумина од нас сакаат да возат велосипед. За некои тоа е потреба, а за некои разонода. Во неколку наврати во ЕМИТЕР беа објавувани написи за разни мерни инструменти наменети за во автомобил. Тоа беа термометри, бројачи на вртежи за мотор, мерачи на состојбата на акумулаторот итн. Во овој број на ЕМИТЕР ќе стане збор за брзиномер, но тој ќе биде наменет за велосипед. Токму така! Со помош на овој брзиномер ќе можете да ја мерите брзината со која што се движите додека возите велосипед.


Информатика

Базата на податоци Interbase 6.0 меѓу програмерите е добро позната по својата стабилност и малата потреба од компјутерски ресурси, а во изминативе неколку години, преминувајќи во слободен софтвер (OpenSource), и по својата достапност. Програмскиот јазик C++, пак, прерасна во еден од најчесто користените јазици, барем кога станува збор за правење на посериозните компјутерски апликации. Па, да видиме како се сложуваат меѓусебно.


Аудио и видеотехника

Аудиотрансформаторите се направени да работат на аудиофреквенции и се користат за подигање и спуштање на нивото на сигналот и негово испраќање кон склоповите како што се микрофонските предзасилувачи во тонските миксети, магнетофоните, звучниците итн. Аудиотрансфроматорите може да служат за широк опфат на примени. Меѓу другото, може да се врши приспособување на импеданси и изолација од заземјувањето.


Електротехника

Секој од нас барем еднаш имал потреба да изработи грејно тело за специфична потреба или да го преработи грејното тело од термопечките, калориферите итн. Еве кратко упатство и табела кои ќе ви помогнат во пресметката и изработката.


Фототехника

Малиот, компактен и атрактивен (нема да се претера ако се каже и престижен) дигитален фотоапарат Олимпус µ[мју:] 410, со својот оригинален изглед и проверениот квалитет, одлично ќе ги исполни желбите и потребите на оние на кои им е особено важен "уметничкиот и стилскиот" впечатокот што го остава апаратот. Тоа веќе се насетува и од самата ознака на моделот.


Електроника

Принципот на работа, отклонските системи, конвергенцијата, видовите кинескопи се теми на овој напис. Ако го прочитате написот, не надевајте се дека ќе бидете попаметни. Сепак, не прескокнувајте го!


Автомобилска техника

Еден од најчесто користените зборови во терминологијата која се однесува за автомобилите е зборот "турбо". Честопати во слободните разговори се користи и терминот "набивање" на моторот. Можеби, во овој контекст, најсоодветен е терминот "излудување" на моторот. И сите овие квалификации за моторите опремени со турбокомпресор, иако звучат секси, се точни. Меѓутоа, да видиме што се подразбира под терминот турбокомпресор како дополнителна опрема на моторите со внатрешно согорување.


Макетарство и моделарство

Неодамна одржаниот натпревар во слободно летачки модели ми даде идеја поопширно да се осврнам на таа категорија и тоа заради две причини. Прва и најважната е што ме поттикнаа дел од воздухопловните моделари да не ја заобиколам оваа категорија и да дадам некои успешни нацрти, особено за категоријата Ф-1-А или популарно наречени А-2 едрилици, а другата причина да ги запознаам читателите на ЕМИТЕР во што се натпреваруваат и што градат воздухопловните моделари.


Аеронаутика

Кога ќе видите авион од Првата светска војна, обоен во јака црвена боја веднаш помислувате дека тоа е Црвениот барон. Многумина го чуле тој поим но немаат јасна претстава кој се крие зад него и која е причината да прерасне во толку позната легенда. За оние кои сакаат да знаат повеќе и да го користат овој поим соодветно, ќе ја раскажеме приказната.


Телекомуникации

Времето поминато во исчекување на наследникот на одличниот и популарен Sony-Ericsson P800 се исплати, бидејќи моделот (P900) ги оправда очекувањата и ги подобри техничките спецификации на својот претходник. И токму кога помисливме дека подобро од P900 не може да постои, јапонско-шведската корпорација ги негира ваквите мислења и на пазарот го објавува наследникот на можеби најпопуларниот "паметен" (smart) телефон на сите времиња.


Информатика

Овој штетник предизвика многу стравувања и контроверзии меѓу луѓето инволвирани во компјутерската технологија. Ги натера експертите од полето на компјутерската заштита да ги сменат погледите и размислувањата кон пронаоѓање на нови методи и начини за обезбедување и заштита на компјутерскиот систем од нападот на штетниците. Тоа е црвот кој ја одбележа оваа 2004 година со сите свои заслуги и почести. Тоа е познатиот црв, Sasser.


Информатика

SiSoftware SANDRA е алатка за дијагностицирање и информирање за системот под кој работи. SANDRA е кратенка од System ANalyser, Diagnostic and Reporting Assistant. Оваа програма ви прикажува информации (дури и недокументирани) за вашиот хардвер, софтвер и останатите направи кои се приклучени на вашиот компјутер.


Медицина

Во изминатите четири броја на ЕМИТЕР ги претставивме липосолубилните (растворливи во масти) витамини А, Д, К и Е. На ред дојдоа и хидросолубилните (растворливи во вода) витамини, во кои спаѓаат витамините од Б-групата и витаминот Ц. Во почетокот за полесно да се паметат, покрај хемиското име, витамините добивале и букви од азбуката. Кога дошол редот на буквата Б, таа им била дадена на неколку соединенија, за кои подоцна се покажало дека не се витамини.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате овој месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Во астрономијата, овој месец обично е препознатлив по метеорскиот рој Леониди. Активен е од 14 до 21 ноември, со максимум вечерта меѓу 16 и 17-ти ноември, поточно на 17 во 09:25 часот наутро. Во Ноември имаме уште два метеорски роја, тоа се Тауридите и Моноцеротидите.


Омнибус

И со своето јубилејно, триесетто по ред издание, ТЕХНОМА си го задржува реномето на најголема и најинтересна саемска манифестација кај нас. Традиционално, во склоп на се одржа и "Макинова 2004" – Изложбата на пронајдоци, иновации, нови производи и творештво на младите, а годинава за прв пат и изложбата "Заштита и обезбедување 2004".


Математика

Целта на секој, па и на мојот метод на апроксимации е наоѓање на корен на функција со однапред зададена точност. Методот треба да работи итеративно, така што во секој нареден чекор коренот се повеќе и повеќе ќе се уточнува додека не се постигне зададената точност. Мојот метод е своевидна комбинација на Њутновиот тангентен метод со методот на секанти.


Омнибус

Интересен креатор на Марс; Приказната на Седна; Отворена ерата на цивилните вселенски летови; Longhorn се претвори во Shorthorn; Lanmark-5 F1 TP; Високо рангирање на eTRUST Anti-virus; Вирус W32 JEEFO; Една добра причина зошто да се префрлите на Firefox; Sanyo Epson Imaging Devices; Дачија Логан - многу за малку; Иран ќе го лансира својот прв вселенски сателит; 100GB HDD на 2,5 инчи; Увертирата на Касини; Салото во помош на коските; Мачкино око; Филипс 535; Алкател ден во Скопје; Сончев часов


Писма
Написи за домашните мајстори
Евтин телескоп
ЦД-додаток и Фото-буба
Поставување сараунд звучници
Модификација на автоалармот од Емитер 5/98