До пред некое време колорните ласерски печатачи беа привилегија на добро опремените репростудија, претпријатија и сличните на нив иституции, како и на некои поединци, служејќи им како статусен симбол. Но, од неодамна работите на тоа поле драстично се променија, па овие егзотични уреди станаа достапни на широк круг корисници, како на професионалци кои во својата работа користат колорни печатачи, така и на поединци на кои колорните печатачи не им се неопходни во нивната работа.