Емитер 1/1998.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Пред вас е вториот дел од нашиот проект за дигитален мерач на капацитивност со мерен опсег до 10000µF. Во претходниот број имавте можност да се запознаете со теоријата за дигитално мерење на капацитивноста и со описот на шемата, а во овој број проектот го комплетираме со опис на практичната реализација на инструментот.
Можеби на одреден дел од читателите ова им изгледа потполно неразбирливо и неостварливо, но сепак не е така. Исто мислење имав и јас пред да го составам овој инструмент, но сепак на крај излезе дека сум бил преголем скептик. Можеби овој инструмент не може во голема мера да се споредува со готовите уреди, но за поголем дел од читателите, посебно сервисерите на електронска опрема, ќе им биде од голема помош во праксата, посебно кога се двоумиме дали кондензаторот е добар или не, а немаме инструмент за негова проверка.
Треба да се напомене дека со овој инструмент може да се мерат кондензатори на кои пробивниот напон им е поголем од 9 волти. Ова можеби е и предност над фабричките мерачи на капацитивност каде кондензаторите се мерат со многу мала струја и на помал напон, а некои кондензатори се неисправни за поголема струја и доаѓа до несакан пробив во електролитот на повисок напон. Сепак, за далеку помала цена од цената на фабричките инструменти со слична намена добиваме инструмент кој многу многу ќе ни помогне.
ИК: CD4511, CD4518, CD4093, NE555, LM7809
Кварцен кристал: 1 MHz
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.