Информатика
Дванаесетото, виртуелно, издание на Сајт на годината се одржа на 13 март 2022. Оваа година веб-страниците од македонскиот интернет простор беа номинирани во 22 категории, а за нив гласаа 9219 интернет посетители и корисници.
Објавено на 14.03.2022 - 10:45

Информатика
iPhone SE, Mac Studio, M1 Ultra, Apple Studio Display... и што уште не На Peek Performance, како што беше наречен првиот Apple настан во 2022 година беа презентирани изненадувачки многу нови работи. Претставувањето на третата генерација на iPhone SE беше очекувано, но покрај ова беше претставен и целосно нов десктоп Mac со нов M1 Ultra процесор и Mac Studio дисплеј со вградена камера, звучници и USB порти. Во продолжение прочитајте накратко што сè Apple најави на пролетниот настан.
Објавено на 11.03.2022 - 16:45

Математика
Како Ајнштајновата теорија за гравитација може да се обедини со квантната механика? Се работи за предизвик што би ни овозможил длабок увид во феномените како што се црните дупки и раѓањето на универзумот. Сега, една нова статија објавена деновиве во Nature Communications презентира резултати кои даваат нов увид на предизвиците во разбирањето на квантната гравитација. Трудот е заедничко дело на истражувачи од Техничкиот универзитет Чалмерс во Шведска и нивните колеги од МИТ, САД.
Објавено на 10.03.2022 - 16:00

Електроника
Научниците стануваат сè подобри во изработката на спојници што наликуваат на неврони за компјутерите коишто ја имитираат работата на човечкиот мозок – случајната обработка, складирањето и повикувањето информации налик на сеќавање. Феи Жуге од Кинеската академија на науките и неговите колеги направија осврт врз најновите случувања во дизајнот на мемристорите што ќе го овозможат сево ова во научното списание Science and Technology of Advanced Materials.
Објавено на 09.03.2022 - 12:30

Енергетика
Експерти развија систем за вештачка интелигенција за контрола на плазмата во фузиски реактор. Енергетската криза предизвикана од пандемијата и неодамнешните воени дејствија одново ја отворија дебатата за зависноста на Европа од фосилните горива. И додека дел од европските земји се подготвени повторно да ги отворат електраните на јаглен за да ја надминат можната вонредна состојба, експертите од DeepMind, компанија ќерка на Alphabet чијашто специјалност е вештачка интелигенција, го претставија првиот систем за машинско учење способен да контролира нуклеарен фузиски реактор.
Објавено на 08.03.2022 - 14:45

Роботика
За подобро да ги разберат морињата и океаните на Земјата, нивните процеси и живите организми што ги населуваат, научниците мора да бидат способни да истражуваат и да собираат податоци под вода. За да го овозможат ова последниве години роботичарите се обидуваат да развијат сè понапредни системи кои би помогнатле во истражувањето и во следењето на подводните средини...
Објавено на 08.03.2022 - 13:30

Физика
Ако сакаме да колонизираме друг свет, изнаоѓањето планета со гравитациско поле во кое луѓето ќе можат да преживеат и да напредуваат ќе биде од клучно значење. Ако гравитацијата е пресилна, сета крв би ни се повлечкла во нозете, нашите коски би се скршиле и ќе би останале приковани за тлото. Пронаоѓањето на граничната гравитација што човечкото тело може да ја толерира е нешто што е мора да се направи пред да слетаме на нова планета. Тројца физичари тврдат дека максималното гравитациско поле во кое луѓето би можеле да го преживеат долгорочно е четири и пол пати повеќе од гравитацијата на Земјата.
Објавено на 07.03.2022 - 16:00

Медицина
Анализата открива колку омикрон сојот побрзо се шири и го избегнува имунолошкиот систем, наспроти претходната варијанта.
Објавено на 07.03.2022 - 14:45

Медицина
Продолжува нормалното експоненцијално намалување на дневните броеви на новодијагностицирани. Последнава недела ефективниот репродукциски број Rt благо се поткачи на околу 0,93 +/-0.30, што е малку над 15-дневниот просек од околу 0,84. Но, не се жалиме, сé додека истиот е помал од единица со солидна резерва.
Објавено на 06.03.2022 - 16:45

Астрономија и астронаутика
Валентина Терешкова пред летот
До 1962 година, Советската вселенска програма веќе оствари неколку подвизи пред истото да го сторат Американците – во октомври 1957 година тие го лансираа првиот вештачки сателит Спутник 1 во ниска орбита околу Земјата, а во април 1961 година Јуриј Гагарин стана првиот човек (и маж) што бил во вселената. Сега Советите сакаа да бидат први коишто успешно ќе лансираат жена во вселената.
Објавено на 06.03.2022 - 11:45

Pages