Климатологија
Проектот за следење на сите аспекти од процесот на топење на глечерот што забрзано го снемува, можеби ќе даде конечен одговор на прашањето чија итност ги притиска научниците – Колку бргу ќе расте нивото на светските мориња?
Објавено на 14.10.2019 - 11:15

Биологија
Време е на хорор филмови и страшни костими. Ноќта на вештерките многумина ја користат за плашење на себе си и на оние околу себе, но дали некогаш сте се запрашале зошто се ежиме и трепериме од страв?
Објавено на 10.10.2019 - 16:45

Биологија
Пар од ендемскиот вид Sus cebifron
Засега знаеме дека повеќе животински видови користат едноставни алатки, помошни средства за извршување на некоја задача. Како што веќе сме пишувале и во ЕМИТЕР “фатени на дело” како користат некое помошно средство досега биле делфините, враните и шимпанзата. Неодамна, National Geographic објави видео на коешто се гледаат и свињи што употребуваат парче кора од дрво или стапче како помошна лопатка при ринењето земја.
Објавено на 09.10.2019 - 13:00

Омнибус
Во Скопје, од 24 до 26 Септември 2019, во Домот на АРМ се одржа Третиот Меѓународен саем на пронајдоци, иновации и нови технологии ИНОВАМАК 2019. Организатор беше Национална Асоцијација на Пронаоѓачи на Македонија (NAIM), а саемот го помогнаа Државниот завод за индустриска сопственост, Министерството за одбрана, Фондот за иновации и Министерството за образование.
Објавено на 08.10.2019 - 17:30

Астрономија и астронаутика
Сондата Џуно се наоѓа во орбитата на оваа Јупитер веќе 3 години, а досега има испратено голем број податоци за овој гасен џин. Минатата недела техничкиот тим на мисијата Џуно од НАСА беше приморан да изведе комплексен маневар со ова летало, којшто ако не беше спроведен успешно, ќе значеше крај за оваа мисија на 3 ноември.
Објавено на 08.10.2019 - 14:15

Астрономија и астронаутика
Скопското Астрономско Друштво во четврток, 10 октомври, во 20 часот го започнува веќе редовниот есенски циклус на популарни предавања од областа на астрономијата.
Објавено на 07.10.2019 - 17:15

Психологија
Замислете си беспрекорна меморија што никогаш не го заборава изминатиот настан и го помни секој момент од животот. Но, ако спомените никогаш не исчезнуваа, ако секое искуство остануваше неизбришливо врежано во нашиот ум, нашата глава ќе беше толку преполна, што ќе бевме во состојба на вечен хаос со којшто тешко ќе можевме да се справиме во реалноста, како што тоа не му поаѓа од рака ниту на ликот Фунес Ел Мемориозо, кому Хорхе Луис Борхес му доделува токму ваква способност во еден од неговите раскази.
Објавено на 07.10.2019 - 13:00

Информатика
На facebook повеќе не е можно да споделите линк што води до The Pirate Bay или до некој од другите торенти во неговото внатрешно пребарување. Оваа промена во политиката на Facebook беше забележана од страна на Torrent Freak, а по оваа вест можноста за споделување ја проверивме и ние. Инаку, The Pirate Bay не е единствениот извор за пиратски содржини којшто е блокиран од страна на facebook, но секако е најпознатиот.
Објавено на 04.10.2019 - 14:15

Физика
Истражувачи од Сити колеџот на Њујорк известуваат за успешна демонстрација на работата на ЛЕД-диода која се заснова на полусветлосни/полуматеријални квази-честички во атомски тенките материјали. Воедно се работи и за првиот успешен тест на електрично управуван светлински емитер со употреба на полуспроводници со дебелина (слој) од еден атом, вградени во структура за фаќање на светлината (оптичка замка).
Објавено на 03.10.2019 - 17:00

Информатика
Мобилната апликација за Општина Карпош, мЗаедница, е добитник на Европската награда за млади за 2019 година (European Youth Award 2019), во категоријата “Активно граѓанство – дигитално решение со влијание врз општеството“.
Објавено на 03.10.2019 - 12:45

Pages