Малку шминка нанасена на вистинските места е доволна за да ги измами системите за препознавање на лице што ги користи полицијата насекаде во светот.
Во многу земји, полициските сили веќе ги користат системите за препознавање на лица за да ги пронајдат сторителите на кражба или на некое друго кривично дело. Досега веќе имаше прилично замерки во врска со ограничувањата на оваа технологија, особено во за тоа дека таа ги дискриминира луѓето по раса и по пол. Сега, едно истражување спроведено од Универзитетот Бен-Гурион од Негев во Израел укажува на уште една слабост на овие системи. Се чини дека е доволно нанесување на само малку шминка на вистинските места на лицето за да се измами вештачката интелигенција и да се спречи таа да го поврзе лицето со вистинскиот идентитет.
Истражувачите развиле софтвер којшто предлага како може да се измами системот за препознавање на лица благодарение на шминката, поточно системот којшто создава мапа на лицето со истакнување ги главните црти со коишто вештачката интелигенција се служи за да нè препознае. Тргнувајќи од оваа мапа, софтверот на истражувачите создава дигитална проекција за еден од можните трикови за шминкање што треба да се примени на вистинските места за “сомнителното лице” да помине незабележано пред системот за препознавање лица.
Тестирањата направени со помош на десет мажи и десет жени на возраст од 20 до 28 години дале извонредни резултати. Со примена на шминка онаму каде што е наведено со софтверот, вештачката интелигенција потфрлила, не успевајќи да го препознае лицето во 98,8% од случаите. Од друга страна, без примена на шминка ВИ го препознавала лицето во 47,6% од случаите. Препознавањето на лицето генерално функционирало полошо кај жените. Без шминка тие биле препознавани во 42,6% од случаите, наспроти 52,5% кај мажите, а со шминка во само 0,9% од случаите, наспроти 1, 5% кај мажите.
Во случајот прикажан лево ВИ лесно ја препознава личноста. Но, ова не е случај кога ќе се нанесе малку шминка врз лицето (лево)
Интересен, по малку и чуден аспект на овој софтвер е тоа што тој не се заснова врз употребата на шминка со боја. Напротив, софтверот се фокусира на употреба на неутралните бои за шминкање кои не привлекуваат внимание, а сепак ги „модифицираат“ конотациите, нешто како контурирање, техника на шминкање во којашто се мешаат светлите и темните тонови за да издвојат и редефинираат некои од карактеристиките на лицето.
Дали шминката станува алтернатива на старата “добра” капа “фантомка” за крадците на денешницата? Останува да видиме...