Омнибус
Корпорацијата Сони Груп, попозната едноставно како Сони (SONY), е јапонска мултинационална конгломератна корпорација со седиште во Канан, Минато, Токио. Компанијата е еден од најголемите светски производители на електрон и ски уреди за професионална намена и за широка потрошувачка, најголем производител на конзоли за видеоигри, втор по големина издавач на видеоигри, втора најголема компанија за плочи, како и една од најсеопфатните медиумски компании. Со 50% удел во пазарот на сликовни сензори, Сони се уврстува и меѓу лидерите за продажба на полуспроводници, а од 2015 година компанијата е петти по големина производител на телевизори во светот, според годишните бројки за продажба. Таа е најголемиот играч во светот во доменот на премиум ТВ сетови – телевизори со големина на екранот од најмалку 55 инчи (140 сантиметри) и со цена повисока од 2500 американски долари.
Објавено на 07.05.2021 - 18:00

Омнибус
Во денешниот времеплов славиме 75 години од основањето на технолошкиот гигант Sony, компанија заслужна за воведувањето на повеќе револуционерни производи од областа на аудиот и информатиката, го одбележуваме рускиот ден на комуникациите и меѓународниот ден на безбедносните лозинки (да и тоа го има ) ...
Објавено на 07.05.2021 - 15:30

Информатика
Искористувајќи го свичот ECS5512 10GbE кој може да работи во облак, а со цел да овозможи решение за целосна конективност за сериите QSAN’s XCubeNXT и XCubeNAS – најдобрите бекап и мултифункционални центри за деловни активности, EnGenius започна соработка со QSAN Technology Inc.
Објавено на 07.05.2021 - 13:00

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на таткото на психоанализата, Сигмунд Фројд, и на основоположникот на белградската математичка школа, Михајло Петровиќ – Алас. Оддаваме почит кон делото на македонскиот академик, биохемичар и генетичар Георги Ефремов, и одбележуваме 84 години од катастрофата на воздушниот брод Хинденбург...
Објавено на 06.05.2021 - 18:00

Астрономија и астронаутика
Компанијата Блу Ориџин (Blue Origin) за вселенски патувања основана од газдата на Амазон, Џеф Безос, се очекува да го лансира својот прв екипаж во вселената на 20 јули, со помош на ракетата Њу Шепард (New Shepard). Заедно со екипажот едно место стои резервирано за победникот од онлајн аукцијата којашто започна вчера.
Објавено на 06.05.2021 - 14:00

Омнибус
Во денешниот времеплов го славиме лансирањето на првиот американец во вселената, што се случи пред точно 60 години. Покрај ова го одбележуваме регистрирањето на првиот патент запишан под името на една жена, како и лансирањето на култната видео-игра Волфштајн 3Д ...
Објавено на 05.05.2021 - 17:45

Биологија
Двајца истражувачи од Школата за зоологија при Универзитетот во Тел Авив откриле дека лилјаците имаат вродено чувство за брзината на звукот. Во нивниот труд објавен оваа недела во Proceedings of the National Academy of Sciences, Еран Амичај (Eran Amichai) и Јоши Јовел (Yossi Yovel) ги опишаа експериментите што тие ги спровеле со помош на диви и на лабораториски одгледувани лилјаци, и резултатите кои даваат интересни импликации во врска со начинот на којшто лилјаците го перцепираат звукот.
Објавено на 05.05.2021 - 15:00

Омнибус
Во денешниот времеплов го славиме роденденот на британскиот зоолог и поборник на еволуционата теорија – Томас Хенри Хаксли. Го одбележуваме еден од побитните денови во календарот на секој тврдокорен сај-фај фанатик – меѓународниот ден на Војна на ѕвездите, но и почетокот од новата фаза од конструкцијата на Панамскиот Канал...
Објавено на 04.05.2021 - 17:00

Информатика
Познато е дека Apple Watch нуди разни функции поврзани со фитнесот и здравјето. Од шестата с ерија к омпанијата воведе и мониторинг на кислород от во крвта (SpO2), а веќе во идните модели се очекува Епл да воведе уште повеќе вакви функционалности поврзани со здравје то и фитнес от .
Објавено на 04.05.2021 - 13:45

Медицина
Несопирливото намалување, без осцилации и подвраќања, на ефективниот репродукциски број Rt (на првиот дијаграм) се поклопува многу добро со теоретскиот модел за намалување на овој број поради растот на бројот на прележани, односно намалување на бројот на сусептибилни S (чувствителни, непрележани) во вкупната популација N. Тоа е познатата формула Rt=R0*S/N, каде R0 е базичниот репродукциски број.
Објавено на 03.05.2021 - 01:45

Pages