Како прво, сегашните котли на јагленова прашина не се наменети за согорување на природен гас, поради многу повисоката температура на согорување на гасот од околу 1500 °C. Но, дури и да се намали температурата на согорувањето со додавање голем вишок на воздух, тоа не е добра идеја од термодинамички аспект, поради неискористувањето токму на високата температура на согорување, која носи висока ефикасност на конверзијата на топлинската енергија во механичка, а потоа и во електрична енергија. За ова сепак постои начин, што ќе го видиме при крајот.