Експерименталниот маглев-воз тежок 1,1 тон постави нов рекорд во забрзување на кратко растојание, трет ваков рекорд на истата платформа во период од само шест месеци. При тестовите што кинеските инженери ги спровеле во лабораторијата Донгху во провинцијата Хубеи, маглев возот поставен врз специјална тест-пруга, за само 5,3 секунди била достигнал брзина од 800 километри на час! Тоа е брзина споредлива со брзината на крстарење на патнички авион – но постигната на земја, на траса долга едвај еден километар.
На прв поглед, бројката од 800 km/h звучи како најава за некаков супербрз патнички воз. Но, тоа не била целта на експериментот. Возилото не е наменето за превоз на патници, туку претставува своевидна лабораторија на тркала – поточно, лабораторија којашто воопшто нема тркала.
Кај маглев-системите, магнетните сили го подигаат возилото над шината-водилка, елиминирајќи го контактот помеѓу тркалото и шината. Потоа електромагнетите вдолж патеката создаваат сили што го влечат и го туркаат возилото напред. Така исчезнува еден од основните ограничувачки фактори кај класичниот железнички транспорт – триењето помеѓу тркалата и шините.

Кина го поседува и првиот комерцијален маглев воз кој сообраќа од Шангај
Но, постигнувањето огромна брзина е само половина од проблемот. Возилото треба и прецизно да се контролира додека забрзува, левитира и, конечно, додека сопира. Тековните тестови ги испитуваат системите за снабдување со огромна количина електрична енергија, електромагнетниот погон, стабилноста на левитацијата, позиционирањето и сопирањето. Дозволените отстапувања на водилката се мерат во рамки од само околу 0,5 милиметри.
Интересно е и тоа што ова не е првиот подвиг на лабораторијата. Во јуни 2025 година експерименталното возило достигнало околу 650 km/h за 7,1 секунди. Потоа границата била поместена на околу 700 km/h, а подоцна и на 800 km/h. Секој тест им овозможил на инженерите да ги усовршат системите за погон, левитација и контрола.
И тука доаѓа најинтересниот дел. Ова можеби воопшто не е технологија наменета за супербрзи патнички возови. Имено, при забрзување до 800 km/h за само неколку секунди, силите врз возилото стануваат огромни. Во еден од извештаите се наведува забрзување од околу 4 g, што би било исклучително непријатно, па и непрактично за евентуалните патници во возот.
Лабораторијата Донгху идентификуваше четири основни домени за примена за оваа технологија. Иако највидлив е железничкиот сообраќај со голема брзина Maglev од следната генерација, каде што Кина веќе е светски лидер со својот прототипски коридор од 600 км/ч. Настрана од од железницата, истражувањето е насочено кон ултрабрзи електромагнетни санки што се користат за тестирање на опрема и материјали – технологија клучна за развојот на воздухопловството и одбраната. Трета примена се електромагнетните системи за лансирање за вселенски летала и сателити, каде забрзувачите во стилот на катапулт би можеле да ги заменат или дополнат хемиските ракети за одредени носивост. Со тоа што дел од енергијата потребна за полетување би се обезбедила уште на земја, ќе се намали количината на гориво што леталото мора да ја носи. Четвртиот домен опфаќа пошироки апликации за електромагнетно лансирање во одбранбениот и воздухопловниот сектор.
Можеби најзначајниот детаљ во објавата е каденцата на пробивите. Истиот тим го собори претходниот светски рекорд во истата категорија во рок од само шест месеци, а потоа повторно го надмина со овој резултат. Брзата итерација укажува кон тоа дека лабораторијата мошне извесно ја надминала фазата на докажување на концептот преминала во фаза на систематска инженерска оптимизација, при што секое тестирање го усовршува електромагнетниот погон, енергетската електроника и контролните системи последователно.
Рекордот беше објавен од Cailian Press и потврден од CCTV Finance на 4 март 2026 година.