Една, за мене изненадувачка, да не речам разочарувачка информација: вакцините базирани на инактивиран цел вирус (кинеските вакцини) НЕ создаваат клеточен имунитет, обратно од mRNA вакцината на Фајзер, на пример. Значи, додека трае антителниот (хуморален) имунитет – трае, кога ќе престане, нема повеќе заштита и неопходна е ревакцинација. Нема што повеќе да се чека, едноставно нема клеточен имунитет и тоа е тоа. Згора на сè (веќе видовме тука во неколку пати споделениот труд од Nature Medicine), дека титарот на неутрализирачките антитела кај вакцината на Коронавак од производителот Синовак е најмалку 12 пати помал отколку кај mRNA вакцината и многу побргу „бледее“, на сликите 1 и 2 во трудот).