Рубрика: Информатика
Верзии на Windows што треба итно да ги надградите од безбедностни причини
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 05.01.2023 - 14:30

Се ближи крајот на оперативните системи Windows 7 и 8. Имено, почнувајќи од следната недела, од 10 јануари, Мајкрософт ја прекинува техничката поддршка за нив, односно ги откажува безбедносните ажурирања за тие верзии од Windows оперативните системи. Истовремено ќе биде пуштена и нова верзија на интернет прелистувачот Microsoft Edge, кој воедно ќе биде и последен што ќе ги поддржува споменатите оперативни системи.

Од друга страна, покрај Edge, од ОS Windows 7 и 8.1 се откажува и понатамошниот развој на интернет прелистувачот на Google Chrome, за којшто е најавен прекин на поддршката во февруари оваа година. Ова не значи дека и двата прелистувачи повеќе нема да работат на тие оперативни системи, туку дека веќе нема да ги добиваат клучните ажурирања и надградби.

На истиот датум, 10 јануари, се прекинува и поддршката за WebView2, алатка која им овозможува на програмерите да вградуваат интернет содржини во нивните апликации. Се проценува дека во 2021 година околу 100 милиони компјутери ширум светот ги користеле овие оперативни системи, а истражувањето на Lansweeper од октомври 2022 година спроведено на 27 милиони уреди со Windows покажува дека сè уште поголемиот број од овие компјутери работат со оперативните системи XP, 7 или 8 отколку со оперативниот систем Windows 11.

Крајно време е за надградба на понови оперативни системи

Сепак, треба да споменеме дека Microsoft ферски го објави крајот на поддршката за Windows 7 уште во 2020 година. Од компанијата им препорачуваат на корисниците да ги надградат нивните уреди на Windows 10 или 11 или, пак, да купат нов компјутер со овие оперативни системи како дел од пакетот. Или тоа или корисниците се изложени на безбедносен ризик на нивните компјутери со оперативни системи кои стануваат минато од 10-ти јануари.

Клучни зборови: