Омнибус
За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови пишуваме за две значајни иновации од областа на компјутерската технологија компјутерот Епл 2 и модемот, откривањето на една нова болест на почетокот на 80-тите години од минатиот век – СИДА-та, го одбележуваме раѓањето на Ричард Смоли и си споменуваме за несреќната судбина на екипажот на Сојуз 11.
Објавено на 07.06.2020 - 23:00

Омнибус
За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ги одбележуваме и си спомнуваме за првата американска вселенска прошетка, падот на првиот надзвучен авион, претставувањето на првиот глобус, првиот лет на балон исполнет со топол воздух, како и роденденот на Сократ.
Објавено на 04.06.2020 - 23:15

Информатика
Нов чип постави рекорд во брзина на преземање податоци Малиот чип, наречен микрочешел, би можел еден ден да ги замени постоечките интернет инфраструктури, овозможувајќи проток на податоци со неверојатна брзина и обезбедувајќи стабилна врска на луѓето низ целиот свет, дури и при големи оптоварувања.
Објавено на 03.06.2020 - 14:45

Омнибус
За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ги одбележуваме настаните од науката и техниката што се случиле на денешен ден. Денес го одбележуваме денот кога Маркони поднел патентна пријава за новиот изум – радиото, и роденденот на американскиот астронаут Пит Конрад.
Објавено на 02.06.2020 - 17:45

Телекомуникации
Областа Чукотка на рускиот далечен исток
Светското дигитално радио (Digital Radio Mondiale – DRM) е збир на дигитални аудио-радиодифузни технологии, дизајнирани да работат преку опсезите што се користат за аналогната радиодифузија. DRM може да испорача до FM споредлив квалитет на звукот на фреквенции под 30 MHz (долг бран, среден бран и краток бран), кои овозможуваат ширење на сигналот на големо растојание. DRM е повеќе спектрално ефикасен од AM и FM, дозволувајќи им на повеќе станици да бидат емитувани од ист предавател, со повисок квалитет, во одредена количина на ширина на опсег, користејќи одреден формат за аудиокодирање.
Објавено на 02.06.2020 - 11:45

Астрономија и астронаутика
Галаксиите се огромни космички структури составени од ѕвезди, прашина, гас и невидлива темна материја. Сите тие компоненти се меѓусебно поврзани со силата на гравитацијата. За да го сфатиме универзумот, нужно е најнапред да сфатиме како се формирале галаксиите, односно како материјата во универзумот се собрала во такви поединечни големи структури.
Објавено на 02.06.2020 - 00:30

Омнибус
За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ги одбележуваме настаните од науката и техниката што се случиле на денешен ден. Денес го одбележуваме роденденот на Френк Витл, еден од татковците на турбомлазниот мотор, и првата опцервација на Магнетниот Северен Пол.
Објавено на 01.06.2020 - 14:30

Астрономија и астронаутика
Во минатото, пристапот на НАСА за обезбедување превоз на астронаутите подразбираше потпирање на сопствени сили и туркање на работите со сопствени мускули. Но, ако тест-мисијата на CrewDragon помине како што треба, работите ќе се променат.
Објавено на 30.05.2020 - 16:00

Телекомуникации
Оваа година Европската радиодифузна унија слави јубилеј – 70 години од нејзиното формирање на 12 февруари 1950 година. Таа е сојуз на организации на јавни медиумски сервиси. EBU (aнглиски: European Broadcasting Union – EBU; француски: Union européenne de radio-télévision – UER; германски: Europäische Rundfunkunion – ERU) е составена од 116 организации членки во 56 земји, и 34 придружни членки од дополнителни 21 земја. Најпозната е по продукцијата на Евровизија. Исто така, таа беше домаќин на дебати меѓу кандидатите за претседател на Европската комисија за парламентарните избори 2014 и 2019 година, но не е поврзана со самата Европската Унија.
Објавено на 29.05.2020 - 13:15

Аудио и видеотехника
Компанијата Samsung Electronics Co. Ltd. го најави започнувањето на официјалната продажба на домашниот пазар на новите модели од својата Lifestyle линија на телевизори за 2020 година – The Frame и The Serif. Овие модели се карактеристични по тенкиот дизајн, кој се вклопува во секој ентериер, но и по добра познатата Quantum Dot технологија и високата резолуција.
Објавено на 28.05.2020 - 23:00

Pages