Астрономија и астронаутика
Фотографија од левата Hazcam камера поставена во предниот дел од роверот
Вчера, со посредство на НАСА бевме сведоци на успешното спуштање на роверот Упорност/Истрајност на површината на Марс. Целата процедура на слетување течеше според планот и немаше никакви затајувања на системите, па така токму според предвидениот распоред точно во 21 часот и 55 минути по средноевропско време Упорност испрати потврда дека безбедно стигна на површината на црвената планета во кратерот Језеро.
Објавено на 19.02.2021 - 13:30

Астрономија и астронаутика
Меко спуштање за роверот Упорност - уметничка визија
Мисијата Марс2020 пристигна на Марс. Што понатаму? Првиот чекор е мекото спуштање на роверот Упорност (Perseverаnce) на тлото на планетата кое треба да се случи денес во 21 часот и 55 минути по наше време. Роверот е предвидено да се спушти во кратерот Језеро, на северната марсова хемисфера.
Објавено на 18.02.2021 - 16:45

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на двајца италијанци – на физичарот кој ја откри батеријата, Алесандро Волта, и на големиот автомобилски инженер и менаџер Енцо Ферари. Покрај ова го одбележуваме денот кога беше откриена ‘несудената’ планета Плутон и денот кога беше отворена првата продавница за компјутери – Компјутерленд.
Објавено на 18.02.2021 - 16:30

Информатика
За сите кои имаат потреба од некоја попрегледна организација на работните задачи, низ оваа серија написи накусо ќе ви претставиме повеќе апликации што ќе ви помогнат во зголемување на продуктивноста.
Објавено на 18.02.2021 - 13:15

Омнибус
Минатата недела низ светот проструи неверојатната вест дека еден Шкотланѓанец започнал кампања на сајтот gofundme чија крајна цел е да се соберат доволно средства за испраќање на еден од рамноземјаните во вселената за од прва рака да се уверат во топчестата форма на Земјата.
Објавено на 18.02.2021 - 13:00

Астрономија и астронаутика
Првата фотографија од Марс добиена од кинеската сонда
По арапската сонда Надеж, минатата недела до Марс пристигна и кинеската мисија Тианвен 1 (Небесни прашања). Се работи за првата кинеска мисија за истражување на Марс, составена од два истражувачки дела – орбитално набљудување со орбитер и истражување од површината со ровер.
Објавено на 17.02.2021 - 17:30

Омнибус
Во денешниот времеплов го славиме роденденот на лекарот Рене Лаенек, кој воведе нов метод на дијагонстика – индиректната аускултација, што се користи и денес. Пред точно 49 години, Форд го изгуби приматот на најпродаван автомобил а оваа титула за првпат и припадна на популарната "буба" на Фолксваген. А пред 21 година Мајкрософт го пушти во малопродажба Windows NT...
Објавено на 17.02.2021 - 17:00

Аеронаутика
Oд претставникот на Пипистрел за Италија проструи информација дека оваа година Франција ќе набави 50 авиони Пипистрел Велис Електро. Авионите би биле наменети за проширување на развојот за основната пилотска обука во аероклубовите ширум Франција.
Објавено на 17.02.2021 - 14:30

Омнибус
Во денешниот времеплов го славиме роденденот на данскиот хемичар Јулиус Томсен, и го одбележуваме денот кога започна да се применува еден од позначајните договори за спречување и намалување на климатските промени, Протоколот од Кјото. На денешен ден е патентиран најлонот, била отпечатена гробницата на Тутанкамон, а пред точно 55 години е одржана и една формална церемонија за ENIAC...
Објавено на 16.02.2021 - 17:15

Медицина
Веќе еден месец Ивермектинот се користи во Македонија за лекување на ковид-19, но се уште немаме никакви официјални или неофицијални статистики за неговата ефикасност. Можеби таа празнина ќе се надмине со креирање на оваа база на податоци којашто ја ставам на располагање на докторите и на болничките администратори за пополнување, а податоци можат да испратат и самите пациенти или нивните семејства...
Објавено на 16.02.2021 - 14:45

Pages