Климатологија
Најлошата суша во Европа во изминатите години, којашто моќните европски реки ги турна на најниските нивоа на водостој во изминатиот век, е виновна и за рекордно нискиот водостој на моќната река Дунав. Нивото на водата во Дунав летово се симна толку многу што во близина на српскиот речен пристанишен град Прахово на виделина на сонцето се појавија дузина германски воени бродови од Втората светска војна.
Објавено на 25.08.2022 - 13:30

Автомобилска техника
Интензивното сопирање или кочење на автомобилот е сложен статичко-динамички процес. Статички затоа што автомобилот не смее да излезе од рамнотежа, односно да се преврти, и мора сите четири тркала за време на кочењето да го допираат патот. Само под тој услов силата на кочење ќе е максимална и автомобилот ќе застане со најкраток можен сопирен пат. Процесот на кочење е и динамички затоа што при интензивно кочење тежиштето на автомобилот виртуелно се поместува нанапред и се пореметуваат сите односи на сили од тежините на предната и на задната оска.
Објавено на 24.08.2022 - 13:15

Биологија
Ако вашиот пес ви пријде за да вe излиже искажувајќи приврзаност, и ако притоа забележите дека носот му е постуден од вообичаеното, не кревајте паника. Дури и ако ви се чини дека е премногу сув – во најголемиот број случаи тоа е сосема нормално.
Објавено на 24.08.2022 - 12:15

Астрономија и астронаутика
НАСА објави две нови слики од податоците собрани од вселенскиот телескоп Џејмс Веб кои откриваат неверојатни детали за најголемата планета во Сончевиот систем. Податоците користени за обработка на сликите биле снимени кон крајот на јули со помош на блиско-инфрацрвената камера на телескопот, која ја набљудува во светлинското подрачје на нешто подолги бранови должини од оние на црвениот крај од видливиот спектар. Набљудувајќи го Јупитер на овие бранови должини надвор од подрачјето на видливата светлина, моќниот вселенски телескоп беше во состојба да открие детали што претходно не биле забележани.
Објавено на 23.08.2022 - 23:45

Фототехника
Камерата 300 побуди голем интерес кај присутните
Во склоп на Фестивалот Браќа Манаки, синоќа во просториите на Завод и музеи Битола се одржа јубилејна изложба 140 години од раѓањето на Милтон Манаки. Без двоумење се одзвав на поканата да присуствувам. Изложбата има големо лично значење за мене, со оглед на тоа што лично го познавав и бев чест гостин на неговите изложби поставени во неговото атеље во близина на АК Битола.
Објавено на 22.08.2022 - 16:00

Информатика
Истражувачите од холандската фирма ThreatFabric забележале досега непознат Android dropper тројанец наречен BugDrop, кој моментално е во развој. Новиот малициозен софтвер користи нова техника за ширење на исклучително опасниот банкарски тројанец Xenomorph.
Објавено на 22.08.2022 - 14:00

Макетарство и моделарство
Стартна линија за модели Ф1А
Во период од 16 до 20 август, во организација на ФАИ, ВФМ (Воздухопловна федерација на Македонија И градот домакин Прилеп, се одржа Европското првенство во категорија слободно летачки модели Ф-1А, (едрилици), Ф-1-Б, (модели со погон на гумен мотор) и Ф-1-Ц (модели со мтор на внатрешно согорување). Благодарејќи на поканата од организаторот зедов активно учество во мерење на времето на натпреварувачите, вршење техничка контрола на модели после натпреварот и други помошни задачи од интерес на организацијата.
Објавено на 20.08.2022 - 20:00

Астрономија и астронаутика
Како што беше најавено, НАСА денес ги објави 13-те региони потенцијални кандидати за слетување на мисијата Артемис 3 – сите во близина на лунарниот Јужен пол. Секој од регионите содржи повеќе потенцијални места за слетување за Артемида 3, која ќе биде првата од мисиите Артемида која со себе ќе понесе и човечки екипаж до површината на Месечината и назад. Изборот на регионите значи дека сме еден огромен чекор поблиску до враќањето на луѓето на Месечината, за прв пат по мисијата Аполо 17 во 1972 година.
Објавено на 19.08.2022 - 22:15

Астрономија и астронаутика
Со поместувањето на ракетата Space Launch System од хангарот до лансирната рампа, започна мисијата Артемида I, што вселенскиот брод Орион треба да го однесе во орбита околу Месечината.
Објавено на 19.08.2022 - 16:45

Омнибус
За првпат Кина ги престигна Соединетите американски држави и е земја чиишто истражувачи имаат најголем број на најцитирани трудови, што е клучен показател за научното влијание, се вели во новиот извештај на "Japanese Science and Technology Indicators", објавен на 9 август. Во периодот од 2018 до 2020 година, Кина придонела со 27,2 % од најцитираните трудови во светот – оние кои се рангирани во првите 1% во однос на цитатите – додека САД учествувале со 24,9%, се вели во извештајот.
Објавено на 19.08.2022 - 11:45

Pages