Омнибус
Движењето скоро секогаш е синоним за живот, како и за перспектива, која цели и се придвижува напред, кон подобри нешта и успеси. Транспортот е неминовен дел од истото, а месец јуни оваа година, токму пред прагот на крајот на пролетта, е време за годинешното издание за Саем за транспорт во организација на Скопски Саем.
Објавено на 22.05.2023 - 10:15

Астрономија и астронаутика
Space Perspective, компанија со седиште во Флорида, нуди неверојатно искуство да патувате до работ на вселената и, се разбира, безбедно да се вратите назад. “Веќе видено”, ќе кажете. Па добро, вселенскиот туризам и не е некоја особена новост, се согласуваме. Но, она што оваа компанија ја издвојува од другите е начинот на којшто го реализира патувањето од оваа понуда – без ракета и млазни мотори!
Објавено на 19.05.2023 - 17:15

Географија
Бехајмовиот глобус или Ердапфел е најстариот во целост зачуван глобус на светот
Бехајмовиот глобус, изработен во периодот од 1490 до 1492 година, се смета за првиот глобус кој низ вековите преживеал до денешните денови. Официјалното име на глобусот е Ердапфел (Erdapfel) што буквално би се превело како земјено јаболко. Наскоро овој предмет може да биде прогласен за Светско документарно наследство (World Documentary Heritage site) од страна на УНЕСКО.
Објавено на 19.05.2023 - 14:15

Омнибус
Петмина македонски илустратори ќе им се придружат на реномираните колеги - мултимедијални уметници од Хрватска на петтото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца ЛИТЕРА 2023 што ќе се одржи од 23 до 27 мај во Музејот на град Скопје. Тоа се дипломираните академски уметници Александар Иванов, Викторија Егорова, Гоце Илиевски, Калиопи Трпчева и Сања Симоска. Нивните дела создадени на темата „Свет со љубов“ кое е годинашното мото на фестивалот ќе бидат дел од изложбата на ЛИТЕРА 2023, а ќе видат изложени заедно со делата на Доминик Вуковиќ, Николина Манојловиќ Врачар и Бранка Холингсворт Нара, големи имиња на хрватската илустрација.
Објавено на 19.05.2023 - 12:00

Електроника
Средношколци и професори од 11 технички училишта од Македонија учествуваа на специјализирана едукативна практична работилница „Развојни Микропроцесорски Системи“. Оваа работилница, по четврти пат, ја организираа ФЕИТ-ФАБЛАБ и компанијата Логинг Електроникс во рамките на нивниот партнерски проект „Технологија за Тебе“.
Објавено на 19.05.2023 - 01:30

Информатика
Популарната комуникациска платформа Discord ги извести корисниците за безбедносен инцидент што произлегол откако била компромитирана сметката на агентот за поддршка на една од партнерските компанија.
Објавено на 18.05.2023 - 17:00

Фототехника
Tрадиционалната позадина на работната површина на Windows XP, наречена Bliss
Затворете ги очите и размислете која фотографија би можела да биде најпозната на светот. Можеби прва на памет ќе ви дојде сликата од „Битлси“ како го преминуваат „Аби Роуд“ или фотографијата од единаесетте работници на пауза ручек седнати врз греда што виси 250 метри над Њујорк или, пак, ќе помислите на изразито длабоките сини очи на девојката од Авганистан или силуетата на осамениот студент кој ги предизвикува тенковите на плоштадот Тјенанмен. Но, колку и да се познати овие легендарни фотографии, сепак ниту една од нив не го зазема тронот резервиран за највидена и препознатилива фотографија на светот.
Објавено на 18.05.2023 - 12:15

Омнибус
Стрес, прекумерна тежина, несоница... Едно шведско истражување за квалитетот на живот на луѓето што секојдневно патуваат до нивното работно место покажа дека менталното и физичкото здравје зависи и од должината на ова секојдневно сообраќање.
Објавено на 17.05.2023 - 13:00

Роботика
Со финалниот натпревар во пет различни категории, кој се одржа во Градското кино Милениум во саботата, заврши овогодинешното издание на RoboMac. На натпреварот учествуваа студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ во Скопје, Машинскиот факултет во Скопје, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, како и студенти од Електронскиот факултет во Ниш и Електротехничкиот факултет во Сараево, распределени во 21 тим.
Објавено на 16.05.2023 - 17:45

Биологија
Вид, допир, вкус, мирис, слух и... тоа е тоа, нели? Па, не баш. Покрај овие основни пет сетила секој од нас поседува и шесто сетило кое ни овозможува да го согледаме нашето тело – проприоцепција. Проприоцепција или кинестезија претставува способност да се чувствува сопственото тело во просторот благодарение на што, на пример, можеме да го допреме врвот од нашиот нос дури и во темница, затоа што совршено знаеме каде ни е раката и каде ни е носот на лицето.
Објавено на 16.05.2023 - 16:45

Pages