Очекувано, жешките бранови пристигнаа и во Македонија, а за деновите на викендот се очекуваат температури до 42 ºС. Но, заради густата изграденост во Скопје со бетон и асфалт, се создава ефект на топлински остров, така што во поедини делови во градот температурата ќе биде околу 45 ºС. Нормално е во вакви пеколни горештини да се користат клима уреди. Но, деновиве гледам на телевизија реклами за ефтини апарати за ладење со вода...