Историја и археологија
Тестирањето на нуклеарно оружје во Невада во 1953 година беше меѓу човечките активности што беа земени предвид за одбележување на почетокот на Антропоценот.
“Антропоценот е мртов – да живее Антропоценот” е насловот на написот објавен неодамна во Science. Написот известува за уште во зародиш пропаднатите обиди за вметнување на Антропоценот во временската скала на геолошките ери. Имено, комисијата од научници задолжени за официјализирање на почетокот на претпоставената нова ера гласаа против предлогот што временски го лоцира нејзиниот „официјален“ старт.
Објавено на 18.03.2024 - 15:00

Енергетика
На 5 март 2024 студентите на ФЕИТ организирани од Здружението за истражување и промоција на енергетска ефиканост и одржлив развој – СКЕЕОР, остварија посета на енергетски капацитети кои користат обновливи извори на енергија: фотоволтаичната централа „Војшанци Солар“, трансформаторската станица (ТС) 400-110 kV „Дуброво“ и ветерната електрична централа „Богданци“.
Објавено на 18.03.2024 - 13:00

Астрономија и астронаутика
Можеби и не сте свесни, но веќе имаме и фотографија од овој епски настан...
Објавено на 15.03.2024 - 13:45

Медицина
Срцето е првиот орган што се развива. Но, и покрај неговата важна улога, научниците знаат изненадувачки малку за тоа како точно се распоредени неговите клетки. А тоа набргу може да се промени...
Објавено на 15.03.2024 - 12:15

Астрономија и астронаутика
СпејсЕкс денес треба да го изврши третото лансирање и пробен лет на Старшип. Прозорецот за тестирање од 110 минути се отвора во 13 часот. Преносот во живо е најавено дека треба да започне за отприлика половина час, 30 минути пред лансирањето.
Објавено на 14.03.2024 - 13:15

Информатика
Четири месеци откако беше исфрлен од компанијата што ја основаше, Сем Алтман се враќа во управниот одбор на ОпенАИ (OpenAI). Иако Алтман се врати на функцијата извршен директор уште во ноември, привремениот управен одбор почека за донесувањето на оваа одлука, надгледувајќи го неговото враќање и истрагата за целиот случај.
Објавено на 14.03.2024 - 12:45

Физика
Во 2020 година во Nature беше објавен научен труд во којшто се тврдеше дека се пронајдени првите суперспроводници што функционираат на собна температура. Сите беа воодушевени а младиот физичар Ранга Диас од Универзитетот во Рочестер преку ноќ стана ѕвезда во научните кругови. Но, сѐ што сјае не е злато, или во случајов секој проводник не е и суперспроводник ;) Трудот на Диас беше повлечен порадади загриженост за веродостојноста на податоците
Објавено на 13.03.2024 - 12:00

Електроника
ЛЕД диодите се присутни во светот околу нас уште од ’60-тите години од минатиот век, иако своето место во “мејнстрим” технологијата почнаа да го наоѓаат дури по ’90-тите години. Како и зошто толку долго се чекаше за оваа “штедлива” компактна револуција? Одговорот е мошне интересен...
Објавено на 12.03.2024 - 15:00

Информатика
Секогаш е најдобро преземањето на апликациите да се врши од реномирана продавница и, секако, пред да ги преземете да направите сопствено истражување за нивниот квалитет. Експертите за кибер безбедност открија 21 апликација за паметни телефони што никогаш не треба да ги преземате.
Објавено на 12.03.2024 - 13:45

Омнибус
Мартинки презентација Фото:  г-ѓа Агњешка Кречо
На 6 март во салонот Големата соба во Варшава со почеток во 18 часот, Здружението за промоција на македонска култура во Полска (Stowarzyszenie Kultury Macedońskiej w Polsce), како дел од своите редовни активности за промоција на македонската култура во Полска, организираше презентација на обичајот Мартинки. Презентацијата беше направена во соработка со Институтот за славистика при Полската академија на науки, Институтот за етнологија и културна антропологија при Варшавскиот универзитет, Полското етнолошко друштво – оддел во Варшава, Здружението Етнографска работилница, како и Македонското истражувачко друштво од Скопје.
Објавено на 08.03.2024 - 17:15

Pages