Пред само половина век на технологијата што доаѓаше од Јапонија се гледаше со сомнеж, но кон крајот на 70-тите и во 80-тите години, компаниите како Toyota, Honda, Nissan и Mazda почнаа да бидат ценети од возачите поради нивната ефикасност, ниската цена и високата стапка на технолошки иновации. Експертите од индустријата сметаат дека овој феномен може да се повтори и со кинеските електрични автомобили кои во иднина би можеле да доминираат на пазарот на Стариот континент.