Рубрика: Телекомуникации
Книгата ‘Герила портабл – радиоаматерски активности на отворено’ во е-продавницата на ЕМИТЕР
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 09.06.2026 - 00:15

Оваа недела книгата „Герила портабл – радиоаматерски активности на отворено“ од авторот Владимир Ковачески - Z35M, станува достапна и преку е-продавницата на ЕМИТЕР. Станува збор за дело посветено на портабл радиоаматерството како хоби.

Oдржувањето радиоврски со радиоаматери од целиот свет сѐ почесто се реализира надвор од домовите и радиоклубовите заради чувство на авантура и доживување на радиоаматерските активности од поинаква перспектива.

„Герила портабл – радиоаматерски активности на отворено” е наменета за радиоаматери и во неа претставено е искуството на авторот од реализирани повеќе од 1200 радиоаматерски портабли на кратки бранови, и во којашто промовира ултралесен, динамичен и технички едноставен стил, каде што во преден план е имагинацијата за практично користење на радиоопремата на речиси секое место и при секакви услови, притоа уривајќи многубројни стереотипи.

Искуствата од радиоаматерските портабли ги усовршуваат операторските способности и техничките вештини за поставување радиостаници во импровизирани услови, што е значајно при поставувањето на базните радиостаници и воспоставувањето радиокомуникации во вонредни ситуации.

Владимир Ковачески – Z35M со радиоаматерство се бави четири децении и од 1996 година редовно објавува радиоаматерски написи во „Емитер“, тој е автор и на книгите „Радиоаматерство”, „Guerrilla Portable – a guide to ultralight outdoor amateur radio”, „Радиоаматерството во Македонија – развој, криза, нов почеток” и „Златна јоносфера – радиоаматерство на кратки бранови”.

Книгата „Герила портабл – радиоаматерски активности на отворено” е достапна во печатена форма по цена од 300 денари и како електронско издание по цена од 250 денари (линк за нарачка тука).

 

Повеќе на https://emiter.com.mk/vesti/21328