Автомобилска техника
Шпанската престолнина тестира целосно автономен електричен минибус, кој треба да го ублажи проблемот со недостигот на возачи. Почнувајќи од 15 септември, минибусот циркулира низ паркот Каса де Кампо, како дел од пилот-проект насочен кон иднината на јавниот превоз. Проектот заеднички го спроведуваат Мадридското претпријатие за јавен превоз (EMT) и Галицискиот центар за автомобилска технологија (CTAG). Целта е да се тестира технологијата во реални услови на сообраќај.
Објавено на 20.10.2025 - 15:30

Омнибус
Со голема тага ја примивме веста дека нашиот долгогодишен соработник и пријател Миле Серафимовски почина.
Објавено на 17.10.2025 - 19:30

Информатика
Со големо задоволство Women in Tech Macedonia го најавува третото издание на WITCON-конференција за вештачка интелигенција, иновација и технологија овој ноември! Со онлајн присуство на 21-ви ноември со глобални учесници и публика, а 450 посетители, 65+ говорници и претставници на над 100 компании од Македонија, регионот и светот на целодневна дружба на 22-ри ноември во во хотел Marriott Hotel Skopje, Women in Tech Macedonia најавува нов концепт на WITCON.
Објавено на 17.10.2025 - 10:45

Екологија
РЕК Битолa
За споредба, РЕК Битола (термоелектраната и копот за јаглен) е еден од СИСТЕМСКИ најголемите емитувачи на сулфур диоксид (SO₂) и нивните емисии се значително повисоки отколку оние од рудниците, па и металургијата.
Објавено на 15.10.2025 - 19:15

Екологија
Научниците предупредуваат: планетата ја премина првата неповратна граница — смртта на тропските корални екосистеми е јасен знак дека времето за реакција одамна истече.
Објавено на 15.10.2025 - 16:15

Геологија
Да го разгледаме сега и постоечкиот рудник за бакар „Бучим“, како и планираниот рудник „Иловица-Штука“ (3 пати поголем од Бучим), со посебен осврт на загадувањето со сулфурни оксиди, уделот на РЕК Битола во вкупното загадување и мерките за намалување на загадувањето...
Објавено на 14.10.2025 - 18:00

Енергетика
Традиционалната Студентската конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР , во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии и под покровителство на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје годинава ќе се одржи по тринаесетти пат, во периодот од 28-ми до 31-ви октомври 2025.
Објавено на 14.10.2025 - 15:30

Информатика
Србија доби европски хаб за дигитални иновации – Capital Innovation Point Serbia (CIPS), што треба да им обезбеди на институциите, компаниите, стартапите и иноваторите од оваа држава можност да ја забрзаат дигиталната трансформација и да се поврзат со глобалните пазари.
Објавено на 14.10.2025 - 15:15

Омнибус
Во текот на изминативе два века, за прв пат во историјата, светот доживеа одржлив економски раст. Ова извлече огромен број луѓе од сиромаштија и ги постави темелите на нашиот просперитет. Овогодишните лауреати по економски науки, Џоел Мокир, Филип Агион и Питер Ховит, објаснуваат како иновациите даваат поттик за понатамошен напредок. Лауреатите нè научија дека одржливиот раст не може да се зема здраво за готово. Економската стагнација, а не растот, е норма во поголемиот дел од човечката историја. Нивната работа покажува дека мора да бидеме свесни за заканите за континуиран раст и да се спротивставиме на нив.
Објавено на 14.10.2025 - 14:45

Геологија
Топилницата за цинк и олово 'Злетово' во Велес
Рударството и металургијата се економски неопходни стопански гранки, но еколошки прилично скапи. Главната опасност во современото рударство не произлегува толку од самото ископување на бакарната или олово-цинковата руда, туку од нејзината преработка (збогатување, флотација и металургија), бидејќи токму во тие фази се создаваат и се ослободуваат најголемите количини токсични супстанции и отпад.
Објавено на 14.10.2025 - 13:30

Pages