Енергетика
Сакам да укажам на трендот, присутен во целиот свет, на растечката потреба за електрична енергија во следните децении заради овие причини: зголемување на бројот на електрични автомобили, за греење (и ладење) со топлински пумпи, разни потреби во домаќинството и во индустријата, како и сè повеќе за услуги поврзани со вештачката интелигенција којашто функционира со помош на центри за податоци. За да се задоволат овие потреби потребно е зголемување на производството на електрична енергија, а тука се отвораат големи предизвици и проблеми. Факт е дека има зголемување на употребата на обновливи извори (сонце и ветер), но тоа не е ни приближно доволно за задоволување на сите потреби. Тоа е една од причините за турбуленции во светот во однос на енергетските суровини (нафта и гас), а почнува замав и за нови капацитети со нуклеарна енергија. На ова треба да се додаде и заострената геополитичка состојба во целиот свет.
Објавено на 20.11.2025 - 16:30

Информатика
Тим софтверски инженери од Ужице, Србија, смислиле идеја за целосна замена на физичкиот клуч со дигитален. Нивниот проект веќе е спроведен во пракса. Размислувајќи првенствено за проблемот на сопствениците на станови кои не живеат во близина на зградите што ги издаваат под кирија, младите софтверски инженери смислиле модерно решение.
Објавено на 20.11.2025 - 11:45

Биологија
Креативните луѓе имаат мозок којшто е пет до седум години помлад од нивната хронолошка возраст, а тие се и поефикасни. А ако се професионални креативци, уште подобро...
Објавено на 19.11.2025 - 16:15

Информатика
Разгледувајќи ја состојбата со развојот на вештачката интелигенција ‘на исток и на запад’, минатата недела налетавме на интересна онлајн дебата што ја водеа Џон Торнхил – технолошки колумнист на Financial Times и уредник на секцијата иновации, и Кајвеј Чен – новинар што ја следи состојбата во Кина за MIT Technology Review. Главното прашање во дебатата беше дали Кина може да го преземе приматот и да ги победи САД во битката за технолошка супериорност. Во продолжение ви пренесуваме добар дел од оваа дебата.
Објавено на 19.11.2025 - 13:15

Астрономија и астронаутика
Галаксијата M61 се карактеризира со долг ѕвезден опаш
Опашот од ѕвезди во М61 укажува дека оваа галаксијата некогаш во минатото проголтала помала галаксија, оставајќи зад себе трага што и денес е сè уште видлива.
Објавено на 18.11.2025 - 17:45

Аудио и видеотехника
Истражувачката фирма Ипсос побарала од 9000 испитаници да слушаат две музички дела генерирани од вештачка интелигенција и едно музичко дело создадено од човек, како дел од студија спроведена за француската стриминг платформа Deezer.
Објавено на 17.11.2025 - 14:45

Телекомуникации
Денеска сите слушаме ФМ радио, но малкумина ја знаат тажната приказна за брилијантниот инженер што го создал ФМ како технологија и за корпоративната мафија што го уништила како човек.
Објавено на 17.11.2025 - 11:30

Астрономија и астронаутика
Тричлениот екипажот од мисијата Шенжу 21 позира со екипажот од мисијата Шенжу 20
На 14 ноември 2025 година, тројцата кинески тајконаути кои поради оштетување на нивната капсула беа блокирани околу десет дена на вселенската станица Тјангонг, успешно се вратија на Земјата со друга капсула. За потсетување, нивната капсула беше прогласена за небезбедна по претрпените оштетувања од вселенски отпад.
Објавено на 14.11.2025 - 14:00

Аудио и видеотехника
Продажбата на CD форматот доживеа остар пад од 22,4% во вториот квартал од 2025 година во Обединетото Кралство, што ги урна надежите за негово враќање по краткиот раст минатата година. Падот ги повлече надолу и вкупните физички формати, кои се намалија за 14,5% и го поништија растот од првиот квартал.
Објавено на 14.11.2025 - 12:45

Информатика
Јазиците што не се меѓу најзборуваните во дигиталниот простор можат да бидат подеднакво, ако не и повеќе, ‘разбирливи’ за современите системи за вештачка интелигенција, според ново истражување на Мајкрософт и Универзитетот во Мериленд.
Објавено на 14.11.2025 - 11:45

Pages