Астрономија и астронаутика
Вселенскиот телескоп Џејмс Веб им овозможи на астрономите за прв пат да го видат формирањето на најраните галаксии во универзумот во периодот пред 13,3 до 13,4 милијарди години. Овие галаксии се формирале кога универзумот бил стар само околу 400 до 600 милиони години, односно кога тој бил приближно 3 до 4% од неговата сегашна возраст. Откритието ќе помогне да се изгради слика за историјата и еволуцијата на универзумот.
Објавено на 04.06.2024 - 16:15

Биологија
Конфликтот во Украина има донесе низа огромни последици – загубата на човечки животи е неизмерна, а глобална ситуација е сѐ понестабилна. Но, ефектите од борбите не ги чувствуваат само на луѓето, туку и животните. Една нова студија објавена во Current Biology објаснува како присуството на конфликтни зони го принудило големиот орел кликач, чиишто миграциски рути поминуваат преку Украина, да го промени движењето. Ова носи низа последици за здравјето на единките и ја ремети способноста тие да ја обезбедат храната што им е потребна за да го издржат патувањето.
Објавено на 03.06.2024 - 15:45

Астрономија и астронаутика
Кинeската сонда Chang'e-6 слета на далечната страна на Месечината и за прв пат во историјата започна да собира примероци од оваа месечева локација. Мисијата Чанге-6 претставува пионерска мисија, но не само за Кина, туку и воопшто за вселенското истражување.
Објавено на 03.06.2024 - 14:45

Астрономија и астронаутика
По серија одложувања и неочекувани настани, се чини дека вселенското летало Старлајнер (CST-100 Starliner) на Боинг е конечно подготвено за својот прв вселенски лет со екипаж. Лансирањето, сега закажано за утре – сабота, 1 јуни, во 18 часот и 25 минути (по македонско време) од вселенската станица Кејп Канаверал, означува важна пресвртница за програмата Commercial Crew на НАСА и американската воздухопловна и вселенска индустрија.
Објавено на 31.05.2024 - 17:30

Биологија
Враните се првото животно во светот , со исклучок на луѓето, што демонстрира способност да брои на глас. На ова укажуваат резултатите од студијата објавена во Science која вели дека овие птици, веќе познати по нивните математички способности, меѓу другото и разбирањето на концептот „нула“, имаат нумеричка интелигенција еднаква на онаа на човечко дете.
Објавено на 31.05.2024 - 14:15

Астрономија и астронаутика
Се ближи моментот кога нов тип на вселенски шатл ќе ја напушти Земјата и ќе се упати кон Меѓународната вселенска станица. Вселенскиот авион Dream Chaser е производ Сиера Спејс. Засега тој нема да носи и екипаж, туку само ќе пренесува товар. Dream Chaser-от наречен Tenacity деновиве пристигна во вселенскиот центар Кенеди на НАСА на Флорида. Плановите се тој да биде лансиран од Кејп Канаверал кон Меѓународната вселенска станица до крајот на оваа година
Објавено на 31.05.2024 - 13:15

Аудио и видеотехника
Вештачката интелигенција и проширената реалност ќе им понудат на љубителите на тенисот попривлечно и податочно побогато искуство при телевизиските преноси. Всушност, некои веќе уживаат во оваа понуда...
Објавено на 30.05.2024 - 19:15

Роботика
Робо-ентузијастите веројатно веќе слушнале за Micromouse натпреварите. Micromouse претставува настан во кој мали роботски “глувчиња” се натпреваруваат во брзо решавање на лавиринт со поставеност 16×16. Натпреварот за првпат се одржал во доцните 1970-ти. Оттогаш натпреварите од овој тип се одржуваат секоја година ширум светот, а најпопуларни се во Велика Британија, САД, Јапонија, Сингапур, Индија, Јужна Кореја, а на популарност добиваат и и во останатите земји од потконтинентот, како Шри Ланка, на пример.
Објавено на 30.05.2024 - 14:15

Екологија
Конференцијата „Smart Village“ која се одржа на Пелистер во рамките на проектот “Are You Ready for Pelister”, означи значајна пресвртница во патувањето кон повторно замислување на иднината на руралните заедници. Организатор беше ПРЕДА плус фондацијата, а за локација беше целно избран Националниот...
Објавено на 29.05.2024 - 18:30

Астрономија и астронаутика
Астрономите пронајдоа докази за присуство на протоци од вулканска лава на површината на Венера, што укажува на тоа дека планетата можеби е сè уште вулкански активна. Откритието на проток од вулканска лава во два различни региона на Венера беше објавено деновиве во Nature Astronomy. Наодот оди во прилог на претходните докази дека Венера е сè уште геолошки активна, а истовремено укажува и дека вулканската активност можби е и пообемна и пораспространета од она што досега се претпоставуваше.
Објавено на 29.05.2024 - 14:45

Pages