Деновиве, гледам, се шират наслови на темата „смртоносен вирус Нипа“ по медиумите и преку социјалните мрежи. Наслови што најавуваат „црвени аларми“, „коми“ и „заразени медицински сестри“ и, очигледно, имаат јасна цел – да привлечат кликови и внимание. Но не смееме да дозволиме сензационализмот да ја замени реалната проценка на ризикот. Комуникацијата за јавноздравствени теми треба да биде рационална и базирана на факти. Па да ги разгледаме фактите и мерките што би требало да следат.