Информатика
Кога ќе се спомне Лесковац прва асоцијација за нас е... па скара! А, потоа можеби на далечно второ место оној интересен јужносрбијански говор, секако не вештачка интелигенција и четботи :) Но, работите може и да се променат. Една српска инженерка за вештачка интелигенција си поставила за задача да го заштити споменатиот дијалект...
Објавено на 10.10.2025 - 16:30

Информатика
OpenAI, компанијата зад најпознатата алатка за вештачка интелигенција – четботот ChatGPT, но и апликацијата за генерирање видеосодржини Sora 2, најавува дека ќе соработува со носителите на авторски права со цел да го „ блокира генерирањето ликови по нивно барање “.
Објавено на 10.10.2025 - 11:00

Електроника
Австралиски и американски истражувачи дизајнираа аналогно компјутерско коло кое користи радио и микробранови сигнали за реализација на обемни пресметки, а притоа троши помалку енергија од конвенционалната дигитална електроника.
Објавено на 08.10.2025 - 17:15

Информатика
Вчера, 7 октомври, во организација на компанијата ГДИ (GDI) во Marriott Hotel во Скопје се оддржа конференцијата GDi Solutions Day 2025, посветена на најновите технологии, иновации и трендови што го обликуваат светот на дигиталната трансформација. Конференцијата овозможи вмрежување и размена на знаења помеѓу јавни институции и компании од различни индустрии во приватниот сектор.
Објавено на 08.10.2025 - 17:00

Хемија
Кралската шведска академија на науките одлучи Нобеловата награда за хемија за 2025 година да ја додели на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар М. Јаги „за развој на метално-органски рамки“ Лауреатите на Нобеловата награда за хемија за 2025 година создадоа молекуларни конструкции со големи простори низ кои можат да течат гасови и други соединенија. Овие конструкции, метално-органски рамки, можат да се користат за собирање вода од пустинскиот воздух, заробување на јаглерод диоксид, складирање токсични гасови или за катализирање на хемиски реакции.
Објавено на 08.10.2025 - 13:30

Физика
Кралската шведска академија на науките одлучи да ја додели Нобеловата награда за физика за 2025 година на Џон Кларк, Мишел Х. Деворет и Џон М. Мартинис „ за откривањето на макроскопско квантно-механичко тунелирање и квантизација на енергијата во електрично коло “. Нивните експерименти на чип ја открија квантната физика во акција
Објавено на 07.10.2025 - 13:00

Информатика
Деветтата по ред меѓународна конференција за е-безбедност, организирана од Здружението за е-безбедност, беше успешно одржана од 29 септември до 2 октомври 2025 година во хотелот Мона Плаза во Белград. Овој уникатен регионален настан на едно место собра повеќе од 270 експерти од областа на информациската безбедност, ИТ, дигитална форензика, управување со ризици и сродни домени, уште еднаш потврдувајќи го својот статус како една од водечките безбедносни конференции во регионот.
Објавено на 06.10.2025 - 17:30

Медицина
Мери Е. Бранкоу, Фред Рамсдел и Шимон Сакагучи со овогодинешните лауреати на Нобеловата награда за медицина и физиологија 2025 за, како што тоа го наведуваат од Нобеловиот комитет: „нивните откритија во врска со периферната имунолошка толеранција“ Имено, секој од нив во својот сегмент даде придонес во тоа да се открие како имунолошкиот систем се држи под контрола
Објавено на 06.10.2025 - 16:00

Омнибус
Универзитетот Еуропа Прима се вклучува во процесите на дигитализација на културното наследство на Македонија со потпишување на Меморандум за соработка со управата за заштита на културно наследство, соработка што беше промовирана на првиот свечен академски час во петокот 3.10.2025 во просториите на универзитетот, во салата на Кинотека на Македонија. Исто така, во рамки на свеченоста за одбележување на почетокот на новата академска година, проф. д-р Роман Кралик од Универзитетот “Константин Филозоф”од Нитра, Р. Словачка, беше промовиран во Doctor honoris causa.
Објавено на 06.10.2025 - 14:30

Информатика
Првата Game Dev Rev (GDR 2025) ќе влезе во историјата како прва конференција во Македонија целосно посветена на развивањето игри. Настанот ќе се одржи во Скопје на 16 октомври 2025 година и ќе ги обедини младите девелопери, искусните професионалци, инди студијата и лидерите во индустријата преку инспиративни говори, колаборација и иновација.
Објавено на 03.10.2025 - 17:00

Pages