Оваа глобална мапа на површината на астероидот Бену претставува мозаик склопен од мноштвото фотографии направени од вселенското летало на НАСА OSIRIS-REx во периодот меѓу 7 март и 19 април минатата година.
Вкупно 2155 фотографии од инструментот PolyCam беа залепени една со друга и корегирани, со цел да се добие мозаикот што го гледате на фотографијата погоре. Притоа приказот на оригиналните фотографии е направен така што 5 см од површината на астероидот да соодветствуваат со еден пиксел од фотографијата. Ова значи дека Бену е мапиран со највисоката резолуција со којашто е глобално мапирано едно планетарно тело, барем досега.
Вселенското летало ги направи фотографиите на движејќи се на оддалеченост од 3,1 до 5 км над површината на астероидот. Овој детален преглед на Бену беше искористен од тимот на мисијата при нивниот избор на местата за собирање на примарни и резервни примероци, коишто беа именувани како Славеј (Nightingale) и Оспри (Osprey).
Повеќе од ЕМИТЕР за астероидот Бену и мисијата OSIRIS-REx може да најдете тука, тука, тука, тука и тука